Здрава планета – само без користење јаглен, нафта и гас | Панорама | DW | 04.06.2022

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Здрава планета – само без користење јаглен, нафта и гас

Ако конференцијата „Стокхолм+50” планира да го реализира своето мото „Здрава планета за благосостојба за сите”, политичарите брзо ќе мора да се преориентираат кон чиста енергија, смета Баврин Кандари.

Пред 50 години кога започна да се формира научен консензус за загадување на околината предизвикано од човекот, меѓународната заедница за прв пат се сретна и си постави амбициозни цели за заштитата на природата и благосостојбата на луѓето. Резултатот беше Декларацијата од Стокхолм. Но, таа за жал до денес не ги постигна своите цели. Моите две 18-годишни ќерки близначки се пораснати во  загаден воздух. Тие се силни и атлетски типови и играат во индиската кошаркарска репрезентација а уште како тинејџери имаа дробови како човек кој цел живот пушел. Кашлаат, киваат и се подложни на респираторни болести само затоа што живееме таму каде што живееме. Во  Њу Делхи.  Највалканиот град на светот. Бесна сум и разочарана кога учествувам на конференцијата 50+ на ООН во Шведска. Пасивноста моите ќерки ја платија со фундаменталното право на здрав живот. Нивното искуство не е некој изолиран случај. Во градот секое трето дете има оштетени дробови. 

СЗО е алармирана што во меѓувреме девет од десет лица во светот дишат отровен воздух. Студија на Харвард констатира дека согорувањето на јаглен, нафта и гас се одговорни за еден од пет предвремени смртни случаи. 

Што би направиле Вие ако некој ви го отруе детето? Јас би рипнала и би го убила човекот. Но, нашите деца со секое вдишување внесуваат отрови и ние не преземаме ништо. 

Обновливите извори на енергија се решението, фосилните минато

Генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, неодамна скицираше пет пресудни мерки за да се фатиме на „сламката за спас” што ја нудат обновливите енергии. Дел од тоа е и обновливите енергии да се третираат како јавно добро, а субвенциите за јаглен, нафта и гас да се пренасочат за обновливите извори и инвестициите во зелена енергија до 2030 тројно да се зголемат на 3,9 милијрди евра. Тоа е малку во споредба со 5,9 милијарди долари со кои во 2020 беа субвенционирани фосилните енергенси, но и трошоците кои така настануваат за здравствените системи.

Indien l Bhavreen Kandhari l Warrior Moms India

Баврин Кандари

СЗО во септември 2021 ги заостри директивите за  квалитетот на воздухот  и тие се базирани на најновите научни сознанија. Со придржување до тие директиви, 80% од човечките животи би можеле да бидат спасени кои според актуелните податоци се губат поради вдишување на ПМ2,5 честичките кои настануваат при согорување на јаглен, нафта, гас и дрво. 

Најбрзиот можен излез од користење фосилни горива е придржување до директивите на СЗО за квалитетот на воздухот, кои ќе доведат до подобро јавно здравје и чист воздух и ќе ги зголемат шансите пред 2050 година да постигнеме нула емисии на гасовите кои предизвикуваат ефект на стакленик.

Далекусежни последици од екстремните жештини

Веќе страдаме од  климатската криза.  Од актуелниот  топлотен бран  во Индија, со неподносливи 49 степени Целзиусови, па и повеќе, многу работници се разболеа, што предизвика загуби во приходите, а владата ги намали прогнозите за жетвата и го запре извозот на пченица. Сепак, апсурдно е тоа што ние сè уште ги сечеме шумите и дрвјата кои складираат јаглерод, го прочистуваат воздухот и обезбедуваат сенка, засолниште и храна. Во Индија, на пример, во април започна сеча на шумата Хасдео Аранја  за да се отвори рудник за јаглен.

Како ќе преживеат луѓето кога овие жештини ќе станат нормалност? Како ќе функционираат производствените погони, фармите, електричните мрежи и глобалните синџири на снабдување ако се луѓето болни и во услови кога е премногу топло за работа? Ова се прашањата со кои лидерите мора да се справат ако навистина сакаат да создадат здрава планета во која ќе има напредок и благосостојба за сите.

Доста работи се променија во последните 50 години во многу аспекти. Денес, научните докази за загадувањето, климатските промени и здравјето се огромни и непобитни, решенијата се лесно достапни, а луѓето ширум светот го креваат гласот и бараат поздрав и  поеколошки начин на живот.  Сепак, ние сè уште ги труеме нашите деца. Крајно време е да дејствуваме. 

Баврин Кандари е ко-основач на Warrior Moms India, група на еколошкото движење „Родители за иднината“. Овогодинешната конференција „Стокхолм+50“ се повикува на Конференцијата на Обединетите нации во Стокхолм во јуни 1972 година, првата голема глобална конференција за животна средина. Разговорите што се водат таму меѓу индустриските и земјите во развој за поврзаноста помеѓу економскиот раст и загадувањето на животната средина доведоа до концептот на одржлив развој. Тогаш беше основана и Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП).