Зголемена казната за поранешната јужнокорејска претседателка Парк | Свет | DW | 24.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Зголемена казната за поранешната јужнокорејска претседателка Парк

Казната затвор за поранешната јужнокорејска претседателка Парк Гун Хие е зголемена и постои можност да се зголемува уште повеќе.

Апелацискиот суд во Сеул ја зголеми затворската казна на поранешната претседателка на Јужна Кореја, Парк Гун Хие, на 25 години. Покрај тоа, Парк мора да плати парична казна од 15 милиони евра, јави агенцијата Јонхап. Претходно, Парк беше осудена на 24-годишна казна затвор. Обвинителството, кое бараше затвор во траење од 30 години, поднесе жалба.

Парк за време на својот мандат беше вмешана во голем корупциски скандал, кој во март 2017 година заврши со импичмент. Парк и нејзиниот човек од доверба Чои Сун Сил земале поткуп од големи концерни, како Самсунг. Парите - 60 милиони евра - се влевале во две дубиозни фондации кои биле под контрола на Чои.

Поранешната претседателка на Јужна Кореја по најновата пресуда има време од една недела да поднесе жалба. 66-годишната политичарка не присуствуваше на изрекувањето на казната. Таа го бојкотира процесот уште од почетокот и тврди дека тој е политички мотивиран.

На Парк ѝ се закануваат вкупно 33 години затвор, со оглед на тоа што таа би можела да биде осудена уште на осум години затвор во друг судски процес. Суд во Сеул ја прогласи за виновна за примање поткуп од тогашниот шеф на тајната служба и прекршување на изборното право на државата.

DW.COM

Реклама