Збогум за „принцезата Леја“ | Панорама | DW | 28.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Збогум за „принцезата Леја“

Американската актерка Кери Фишер стана светски позната во легандарната кино-сага „Војна на ѕвездите“. Таа почина на 60-годишна возраст од последиците на тежок срцев удар.

Така ја запознаа - и така таа ќе остане во сеќавањата на милиони вљубеници во филмот ширум светот: како Леја Органа, предводничката на бунтот против Империјата. Со само 19 години Кери Фишер за првпат ја играше улогата . Во четири епизоди од филсмкиот серијал „Војна на ѕвездите“ , таа ја отелотворуваше храбрата принцеза, трипати во оригиналната трилогија од 1977 година до 1983 година а последниот пат со само краток камео-настап во 2015 во седмата епизода наречена „Силата се буди“

Гледај видео 01:07

Силата нека биде со тебе

Кери Фишер почина на 27. декември, само неколку дена по преживеаниот тежок инфаркт. Во минатиот петок  (23.12.) таа ја изгубила свеста кратко пред слетувањето на авионот со кој патувала до Лос Анџелес. Таа добила итна медицинска помош во самиот авион, која ѝ ја укажал нејзиниот лекар кој летал заедно со неа.  По слетувањето итната медицинска помош извршила реанимација. Фишер потоа била хоспитализирана во критична состојба веднаш по приземјувањето на авионот на аеродромот. 

Според медиумските извештаи таа штотуку го имала завршено снимањето за британската телевизиска серија „Катастрофа“ .

Актерката е родена во 1956 година во проминентно семејство во Лос Анџелес. Нејзина мајка е холувудската глумица Деби Рејнолдс а татко ѝ пејачот Еди Фишер. Фишер покрај животната улога во „Војна на ѕвездите“, настапувше меѓудругото  и во филмовите „Блуз браќа“ и „Кога Хари ја сретна Сели“. Покрај тоа таа има напишано и осум книги меѓу нив и сопствените мемоари кои го објави оваа година под насловот „Дневникот на принцезата“

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама