1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За 10 години 66 илјади Македонци земале бугарски пасош

БГ
11 декември 2020

Заклучно со 22 октомври годинава, речиси 78 илјади македонски државјани побарале да добијат бугарски пасош врз основа на своето бугарско потекло, велат официјалните податоци во Бугарија презентирани во парламентот.

https://p.dw.com/p/3mZfR
Bulgarien Bulgarischer Pass
Фотографија: BGNES

Од 1 јануари 2010 година до 22 октомври 2020 година речиси 78.000 македонски државјани поднеле барање за бугарско државјанство, а речиси 90 отсто од нив и го добиле. Во последните 10 години, 66.000 Македонци добиле бугарски пасош и сите врз основа на своето бугарско потекло. Овие податоци денеска во бугарскиот парламент ги обелодени министерката за правда Десислава Ахладова одговарајќи на новинарско прашање. 

-повеќе на темата: За бугарски пасош Македонците плаќале по 1.000 евра!

Како што пренесува бугарскиот весник Дневник, од вкупно поднесени 77.829 барања за бугарско државјанство, дури во 77.725 случаи основата била бугарското потекло. 

-повеќе на темата: Со бугарски пасош до посветла иднина, или можеби не!?

Како што пренесува весникот, прашањето во парламентот го поставил пратеникот на владејачката ГЕРБ, Христо Гаџев, и притоа коментирал дека додека Македонците бараат бугарско државјанство, со што стануваат граѓани на ЕУ, во Северна Македонија се спроведува недозволива политика и се поставуваат барања кон Бугарија.

Со бугарски пасош до посветла иднина!?