За што се залага Урсула фон дер Лајен? | Информации и анализи за Германија | DW | 05.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Германија

За што се залага Урсула фон дер Лајен?

Таа е министерка во германските влади уште од 2005, и актуелно на чело на министерството за одбрана. Урсула фон дер Лајен сака да стане претседател на Еврокомисијата.Какви се нејзините позиции кон Русија, ЕУ, Трамп...?

Брегзит: За неа Брегзит е "трагедија“, но Фон дер Лајен се залага за тоа да се почитува британската одлука и е против втор референдум. Таа стравува од негативните последиците врз меѓународната безбедносна политика: Европа губи влијание и со Франција има само уште еден глас во Советот за безбедност на ОН. Иако добар "договор“ е важен бидејќи тој е основата за уредување на идните одоси, но Велика Британија не треба да добие посебен третман. Таа се надева дека во НАТО и понатаму ќе стои "рамо до рамо" со Обединетото кралство.

Кина: Европа и посветува многу малку внимание на Кина смета Урсула фон дер Лајен, при што „Кина напаѓа економски". Пекинг си ја следи својата политика тивко до целта – и тоа секогаш пријателски настроена. Таа истовремено го критикува кинескиот авторитаризм и тамошната контрола врз граѓаните.

Улогата на Германија во светот: Важно е да се преземе поголема одговорност на меѓународен план, смета Урсула фон дер Лајен. Германија е свесна за својата големина, а со тоа и за улогата и обврските кои произлегуваат од тоа. Нејзиниот став гласи: „Не можеме да се правиме поголеми од што сме, но исто така не може да се правиме и помали."

Европа: Во 2011 година во екот на кризата со еврото Урсула фон дер Лајен жестоко се залагаше за „Обединети држави на Европа". Пет години подоцна малку олабави со ова барање: „Претпоставувам дека Европа на моите деца или внуци, нема да биде лабава унија на здружени држави заробени во националните интереси." Затоа што само во силна и обединета Европа може да ги заштити и спроведе своите вредности и правила во еден глобализиран свет. Во 2017 година ова звучи малку поинаку: „Луѓето сакаат прво да видат дека Европа успешно се справува со конкретни проблеми како безбедност, клима или заеднички трговски интереси. Тогаш расте довербата."

Европска армија: Урсула фон дер Лајен е за, но да не биде централизирана. Европските земји треба и понатаму да си ја сносат одговорноста. Значи никаква "ЕУ-армија, туку „Армија на Европејците", која нема да му биде конкуренција на НАТО. Таа бара и тесна соработка во однос на вооружуваењето и опремувањето како и подобра координација на воените мисии. „Нашата армија на Европејците е практично доказ дека ние остануваме трансатлантски, но и поевропски, " вели фон дер Лајен. По Брегзит мора соработката да се стави во посилна брзина, бидејќи Британците важеа за кочничари.

Повеќе:

-Урсула фон дер Лајен ја има минато „школата на Меркел“

-Која е Урсула фон дер Лајен?

-Кулоарски договор во ЕУ - победа на Ангела Меркел

Франција: Во изборната кампања во 2017 година Урсула фон дер Лајен ја поддржуваше младата ѕвезда во подем, Емануел Макрон. Тој е „убеден, ангажиран бранител на европската идеа, кој ќе го зајакне европското семејство и ќе го води кон модерно време". Токму Макрон ја предложи за претседател на Европската комисија.

Бегалска политика: за најголемото спорно прашање во ЕУ, Урсула фон дер Лајен досега си молчи. За време на бегалската криза таа го координираше распоредувањето на маринските мисии меѓу Грција и Турција. Во 2016 година, фон дер Лајен предложи сириски бегалци да дојдат на обука во Бундесверот. Тие подоцна би можеле да помогнат во обновата на својата татковина.

Меѓународен ангажман: Во мандатот на Урсула фон дер Лајен се реализираат повеќе меѓународни мисии на Бундесверот, а постоечките се прошируваат. Дополнително на ова се и новите обврски кон НАТО како и ангажманот во новата европска одбрамбена иницијатива ПЕСКО (со Шпанија, Франција и Италија.) Таа започна и воена поддршка за Мали во рамките на борбата против причините за миграција.

Борба против теророт на ИД: Во последниве години Бундесверот ги обучува курдските Пешмера-борци во Северен Ирак и ги помага со оружје во регионот.

Источна Европа: Урсула фон дер Лајен постојано повторува колку е важен овој регион, особено за НАТО. Во 2015 година таа беше на едно важно симболично патување во Романија, Чеченија и Унгарија. Кратко потоа министерката за одбрана апелираше за почитување на човековите права и ја критикуваше употребата на солзавец против бегалците во Унгарија. Во 2017 година повика на поддршка на младата полска опозиција.

Русија: Во однос на претседателот Путин, Урсула фон дер Лајен се залага за поостар тон. Од една страна, Германија не смее да биде стегната и да покажува слабост, но дијалогот е важен за да се градат подобри односи. Во 2014 година таа ја осуди анексијата на Крима, но сака да се спречи воена ескалација – поради што е сопрено лиферување на германско оружје во Украина. Исто така како реакција на кризата во Крим министерката започна со реформи во Бундесверот и најави крај на десетгодишната програма за штедење.

САД: „Америка и денес е многу повеќе од нејзиниот претседател," објаснува Урсула фон дер Лајен и додава дека Трамп остава „голема доза на неизвесност кај многу партнери". На критиката на американскиот претседател дека Германија дава малку пари за одбрана таа возвраќа: Буџетот се зголемува, а ветувањето за два проценти во однос на НАТО ќе биде исполнето." Истовремено Фон дер Лајен вели самокритички: „Свесни сме дека Германија мора да стори повеќе."

 

DW.COM

Реклама