За чудо има и преживеани | Свет | DW | 02.01.2007
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

За чудо има и преживеани

Екипите за потрага го открија индонезискиот патнички авион што се урна вчера, на запад од островот Сулавези. Притоа загинаа најмалку 90 патници, 12 ја преживеале несреќата. Авионот од типот „Боинг-737„ веднаш по полетувањето од островот Јава испратил СОС сигнали. Малку потоа, поради лошото време, удрил во ридот оддалечен околу 90 километри од градот Пулавали. Според официјалните информации, авионот не успеал

Во исчекување на вести за преживеаните

Во исчекување на вести за преживеаните

�а ја постигне потребната висина:

Кога индонезискиот таксист Освалд Мамалани, синоќа стигнал дома, добил порака од неговите роднини од Сулавези. Треба да се моли. Авионот со кој патувале неговата сестра и нејзината ќерка, исчезнал. Дали се тие меѓу преживеаните, се уште не знае. Голем број роднини во Сурабаја на Јава и во Минандо на северниот дел од Сулавези чекаат на аеродромот и се надеваат на нови информации. 90 патници загинале, 12 за чудо преживеале. Како им е ним, се уште не е познато. Според информациите на авио-компанијата, во авионот се наоѓале и тројца странци, веројатно од САД, како и 11 деца. Теренот на кој се урна авионот од типот „Боинг 737 се наоѓа во шума на височина од 700 метри, околу 20 километри од најблиското село. Поради лошото време што се уште трае, хеликоптерите досега не успеаја да се спуштат на местото на несреќата за да ги земат повредените. Според првите информации, причина за несреќата би можело да биде лошто време, иако тоа не е потврдено. Во моментов во регионот владеат Монсуни проследени со дожд и силен ветер. Од тие причини военото воздухопловство со часови не можеше да го открие местото на несреќата. Авионот и припаѓа на комапнијата „Адам ер„, една од 12 приватни во Индонезија. Авионот стар 27 години бил способен за лет и на стартот немало никакви безбедносни проблеми, соопшти компанијата.

Поврзана содржина