За Унгарија виновникот во Македонија е Сорос, за Русија- ЕУ и САД | Македонија | DW | 28.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

За Унгарија виновникот во Македонија е Сорос, за Русија- ЕУ и САД

Унгарија и Русија и натаму отворено ги поддржуваат ВМРО-ДПМНЕ и по вчерашниот упад во Собранието. Турција бара формирање на демократска влада во Македонија.

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто обвини „далечни земји“, кои одби да ги именува за случувањата во Македонија. Тие, според него, влијаеле врз исходот на парламентарните избори. Истовремено, неидентификувани групи поврзани со милијардерот Џорџ Сорос финансирале „анти-владини акции“.
Пред состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ на Малта, Сијарто рече дека „примерот на Македонија ја покажува опасноста од надворешна интервенција во животот на една земја“.

Позицијата на Унгарија е на иста линија со рускиот поглед на настаните чие министерство за надворешни работи ги обвини ЕУ и САД за превирањата во Македонија.
Во соопштение, руското МНР наведува дека „грубото мешање“ на Западот во внатрешните работи на Македонија е главната причина за политичката криза која се опишува како „безобзирна манипулација со волјата на граѓаните со цел да се смени легитимна влада од власт“.

Russland Lawrow 19.11.2014 (Reuters/Sergei Karpukhin)

Руското МНР смета дека Западот премногу се меша во Македонија

Москва смета дека брзото признание на изборот на новиот парламентарен спикер од страна на западните земји, покажува дека чекорите биле претходно координирани.

Турција изрази „длабока загриженост“ поради насилството во македонскиот парламент и повика на формирање на нова влада врз основа на демократските принципи.

Турското претседателство се надева дека „разликите во мислења“ во Македонија ќе бидат надминати преку дијалог и толеранција.

„Македонија има клучно значење за трајниот мир на Балканот“, се наведува во изјавата и се додава дека Турција ќе продолжи да ја поддржува земјата.

Српскиот премиер Александар Вучиќ свика вонредна седница на Советот за безбедност поради нередите во Македонија, оценувајќи дека проблемите во земјата се проблем на сите во регионот.

(АП)

Поврзана содржина

Реклама