За Реал во Минхен ќе биде „пеколно“ | Теми | DW | 28.04.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Теми

За Реал во Минхен ќе биде „пеколно“

За пласман во финалето на Лигата на шампиони во фудбал, германски Бајерн Минхен ќе мора да го победи Реал Мадрид на домашен терен. Тренерот Гвардиола се надева во поголемата волја за пoбеда нa својата екипа.

Првиот човек на Управниот одбор на Бајерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, најавува дека утрешниот (29.04) меч против Реал Мадрид ќе биде повеќе од интересен. Реал „ќе доживее пекол“ во Минхен, најавуваа Румениге и додава дека за тоа на тимот ќе му треба и помош од публиката. Дури и тренерот Пеп Гвардиола нагласува: „Не можеме сами. Навивачите исто така сакаат да стигнат до Лисабон. Ќе се обидеме сите заедно.“

Според Гваридола, на утрешниот натпревар од полуфиналето на Лигата на шампиони, од решавачко значење ќе биде поголемата волја за победа, а таа кај Бајерн е повеќе од силна.

Pep Guardiola PK 28.04.2014 München

Гвардиола верува во силната волја на својот тим

Реал, во првиот натпревар кој се одигра минатата среда во Мадрид, победи со 1:0, со голот на Карим Бензема.

Во Бајерн верува и тренерот на Борусија Јирген Клоп. „Секако дека на Бајерн му посакувам многу среќа на тој натпревар. Убеден сум дека Бајерн ќе го добие овој дуел“, рече Клоп. Борусија од Лигата на шампиони беше елиминирана токму од Реал - во Мадрид беше 3:0, додека во реваншот Борусија победи со 2:0.

Вториот полуфинален реванш од ЛШ ќе се одигра во среда, во Лондон, каде Челзи ќе го пречека Атлетико Мадрид.