1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

За опозицијата е прифатливо име со географска одредница

11 јуни 2009

Стратешка седница на македонскиот парламент - идната недела ќе се разгледува стратегијата за натамошниот настап во преговорите за името со Грција, што ја поднесе политичкиот ветеран, Стојан Андов.

https://p.dw.com/p/I7QG
Мора да се зачува македонскиот јазик и идентитетФотографија: AP

Најголемата опозициска партија во Македонија, СДСМ, вчера го искажа својот став: прифатливо е име на државата со географска одредница, но под услов да се зачуваат македонскиот јазик и идентитетот на народот.

Во меѓувреме, грчкиот весник „Елефтерос типос" денеска пишува дека специјалниот претставник на Обединетите нации, Метју Нимиц, ќе има средби со преговарачите на Македонија и Грција во спорот со името, на 22. јуни во Женева. Според весникот, одбројувањето до новата иницијатива за излегување од ќорсокакот за спорот за името меѓу Атина и Скопје овојпат започна со печатот на Барак Обама. Нимиц ќе им остави малку време на преговарачите Адамантиос Василакис и Зоран Јолевски да ги запознаат своите влади со развојот на настаните и потоа ќе го посети регионот.

Анализата слушнете ја подолу!

Редактор: Трајче Тосев