За влез во Грција се чека со часови | Македонија | DW | 24.06.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

За влез во Грција се чека со часови

На граничниот премин „Богородица“ денеска има огромни колони возила. За влез од Македонија во Грција се чека во просек по три часа.

Продолжениот викенд во Македонија и годишните одмори се причина за огромната гужва на граничниот премин, велат надлежните погранични власти. На границата чекаат илјадници луѓе.

Еден од граѓаните заглавени во колоните на границата за Дојче веле изјави дека чека околу три часа и дека владее нервоза. За влез во Грција чекаат претежно автомобили со македонски и српски регистерски таблички.

Според соопштението на АМСМ, на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија.

 

Реклама