Заштитната обвивка за Чернобил сѐ уште не е функционална | Свет | DW | 26.04.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Заштитната обвивка за Чернобил сѐ уште не е функционална

Новата заштитна обвивка поставена околу хаварисаната нуклеарна централа Чернобил во 2016 година, сѐ уште не е функционална. Кои се причините за тоа и какви ризици постојат од одложувањето на процесот?

Во ноември 2016 се чинеше дека работата е речиси завршена. Над „саркофагот од бетон", под кој се наоѓа четвртиот реактор кој настрада во експлозијата на нуклеарната цнетрала во 1986 година и која оттогаш е нефункционална, се постави заштитна обвивка висока стотина метри. За настанот тогаш известуваа речиси сите светски медиуми.

Обвивката со форма на огромен лак има за цел да го заштити стариот саркофаг од дожд, снег и ветер и во иднина да овозможи демонтирање на оштетениот реакторски блок. Европската банка за реконструкција и развој издвои 2,1 милијарди евра за проектот. Но, една и пол година подоцна, украинските атомски власти потврдуваат дека новиот заштитен покрив сѐ уште не е „пуштен во употреба".

Што значи „пуштање во употреба"?

Наталија Рибалка раководи со Одделот за управување со радиоактивен отпад во Киев. Таа за Дојче Веле објаснува дека кога се поставил новиот безбеден заштитен покрив, многумина помислиле дека проектот е завршен. „Но, ние сме далеку од завршена работа", вели Рибалка.

Ukraine Warum funktioniert die Milliardenschwere Tschernobyls Hülle noch nicht?

Наталија Рибалка

За безбедно функционирање на заштитната обвивка мора да се инсталира специфична технологија: системи за вентилација, кранови за идно расклопување на стариот саркофаг, автоматски системи за следење на радиоактивно зрачење и температура, електрични кабли за целата техника, дренажни цевки, заштита од молњи, противпожарен систем, како и некои други системи. Само тогаш, според Рyбалка, може да се зборува за пуштање во употреба на заштитниот капак.

Тоа што техничкиот систем во рамките на заштитната обвивка сѐ уште не функционира, не влијае врз безбедноста на објектот, уверува Тамара Сушко, колешка на Рибалка во украинската институција за нуклеарен надзор.

Ukraine Warum funktioniert die Milliardenschwere Tschernobyls Hülle noch nicht?

Тамара Сушко

Под покривката сѐ уште функционираат претходно поставените контролни системи со кои се набљудува состојбата во саркофагот. „Во нуклераната централа Чернобил посебно внимание се посветува на безбедноста“, вели Сушко, која е инжинер по професија. Се набљудуваат градежните работи, радиоактивното зрачење и сеизмички движења. „Новата техника под заштитната обвивка потоа ќе лиферува вакви податоци за време на демонтирањето на саркофагот“, објаснува Сушко.

Активистите за заштита на животна средина не се докрај уверени

Според украинските атомски власти, новата заштитна обвивка веќе има донесено позитивни промени. Радиоактивното зрачење околу поранешната нуклеарка е намалено. Таа штити и од пробивање на дожд низ пукнатините во внатрешноста на саркофакот, со што се спречува создавање на радиоактивни течности. Дополнително, ветрот веќе не разнесува радиоактивна прашина наоколу.

Ukraine Warum funktioniert die Milliardenschwere Tschernobyls Hülle noch nicht?

Ирина Холовко

Ирина Холовко, активист за заштита на животната средина од украинската невладина организација „Екодиа“ не го дели ваквиот оптимизам. И покрај тоа што со новата обвивка се зајакнати носачите на стариот саркофаг не се исклучува можноста тоа да се урне. „Во случај нестабилни градежни делови на саркофагот да попуштат, ќе се крене радиоактивна прашина, а таа новата обвивка може само делумно да ја задржи. Поради тоа што системите за вентилација сѐ уште не работат, радиоактивното зрачење може да не се задржи под заштитната обвивка“, вели Холовко за Дојче Веле и додава дека нејзината организација за жал нема пристап до информации за фактичката состојба. „Но, ние знаеме дека таму има нестабилни градежни компоненти", вели таа.

Повеќе: Комунистичко забошотување на катастрофата во Чернобил

Радиоактивното зрачење ја забавува работата

Тамара Сушко вели дека работењето под заштитната обвивка е пред сѐ попречено од високото ниво на зрачење. На ѕидовите на саркофагот, на кој е прицврстена заштитната обвивка, вредностите се многу високи. Луѓето не смеат да останат таму долго. „Пред да започнат со работа секогаш се контролира нивото на јонското зрачење, но на некои места тоа е повисоко од очекуваното“, појаснува таа. Во овие случаи, условите за работа треба да се прилагодат на зрачењето и да се преземат соодветни заштитни мерки. „И за тоа е потребно време", вели Сушко.

Atomkatastrophe von Tschernobyl

Атомската централа во Чернобил неколку дена по нуклеарната катастрофа на 26 април 1986 година

Во опасните делови на саркофагот е дозволено да се работи само од десет до триесет минути. На некои места работниците можат да работат и до еден час. Во атомската централа Чернобил, според информациите на атомските власти, е дозволена годишна доза на зрачење од 14 милисиверти (mSv). Украинскиот закон дозволува во консултација со Mинистерството за здравство годишната доза во индивидуални случаи да се зголеми. „За еден дел персоналот денес важат индивидуално дозволени дози од 30 до 35 mSv", вели Рубалка.

Гледај видео 01:07

Нова заштитна купола за Чернобил

Во потрага по персонал

Еко-активистката Холовко упатува на тоа дека „во случај на високо зрачење работниците мора често да се менуваат“. На почетокот од годинава немало доволно персонал за да се доврши работата на заштитната обвивка. Поради тоа е повторно одложено пуштањето во употреба.

Во март беше објавено дека меѓународниот конзорциум „Новарка“, основан за изградба на заштитната обвивка, бара дополнителен персонал. Тамара Сушко од украинските атомски власти сепак смета дека заштитната обвивка нема да биде ставена во функција во предвидениот рок. „Тоа беше планирано за крајот на мај", вели таа. Според нејзе, со работите ќе се заврши до септември или најдоцна до крајот на годинава.