Затвор за родители кои го продавале детето на педофили | Панорама | DW | 07.08.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Затвор за родители кои го продавале детето на педофили

Судот во германскиот град Фрајбург им одреди долгогодишни затворски казни на родители кои сексуално го злоупотребувале својот син и го продавале онлајн на педофили повеќе од две години.

Случајот кој ја шокираше Германија и отвори сериозни прашања за заштита на децата во земјата, доби судски епилог. Регионалниот суд во Фрајбург ја осуди мајката на малолетното момче, Берин Т. на 12,5 години затвор. Нејзиниот сопруг и очув на детето Кристијан Л. доби казна затвор од 12 години. 39-годишниот Лаис имал претходни пресуди за злоупотреба на деца, што отвори прашања зошто воопшто му било дозволено да живее во дом со малолетно дете.
Судот пресуди дека невработениот пар сексуално го напаѓале детето, кое денес има 10 години, и го нуделе како сексуален објект на педофили преку интернет во период од две години- од мај 2015 до август 2017.
Двајцата се прогласени виновни за силување, насилен сексуален напад врз деца, принудна проституција и дистрибуција на детска порнографија. На двајцата им е одредено да платат и казна од 42,500 евра како отштета за детето и за уште една жртва- девојче.
Пресудите сепак се пониски од она што го бараше обвинителството- 14,5 години за мајката и 13,5 години за очувот.

Deutschland Freiburg Urteil im Staufener Missbrauchsfall (picture-alliance/dpa/P. Seeger)

Педофилот од Шпанија доби 10 години затвор

Истиот ден, судот го осуди и шпанскиот педофил Хавиер Гонзалес Диаз (33) на 10 години затвор поради повеќекратно сексуално малтретирање на младото момче откако претходно им платил на родителите. Тој ќе мора да му плати отштета од 18 илјади евра на момчето.
Јавноста дозна за случајот по анонимна дојава минатиот септември, и доведе до апсење на 8 лица кои беа обвинети дека се дел од педофилски синџир.

Родителите го продавале момчето од „финансиски мотиви“. На педофилите им наплаќале по неколку илјади евра за злоупотреба на нивното дете, а притоа и ги снимале активностите и ги објавувале на интернет.
Детето сега е во дом за сираци. Неговиот адвокат изјави дека детето е во добра состојба „со оглед на околностите“.

 

DW.COM

Реклама