Затвор за критичарите на Кремљ | Европа | DW | 25.07.2014
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Европа

Затвор за критичарите на Кремљ

Поради протестите против Путин пред две гоини во Русија се осудени двајца критичари на владата на повеќегодишни затворски казни. Oдбраната говори за „монтиран процес“.

Две години откако Владимир Путин по третпат стана претседател на Русија во Москва се осудени двјаца опозиционери, кои ги организирале протестите ден претходно на 6. мај 2012 година на плоштадот Болотнаја во Москва. 37 годишниот Сергеј Удалзов (на насловната фотографија) е осуден на четири и пол години затвор во работен логор. Иста казна доби и вториот обвинет Леонид Расвосшајев (41). Двајцата поттикнувале масовно насилство против полицијата, смета судијата Александер Самашнјук. Во судирите тогаш биле повредени 78 припадници на безбедносните сили.

Russland Verurteilung 24.7.2014 Opposition Raswosschajew

Леонид Расвосшајев

Одбраната критикуваше дека процесот бил политички мотивиран. Бранителот Дмитри Аграновски рече дека тоа не било судење туку „монтиран процес“. Тој најави дека ќе поднесе жалба. Исто така и борецот за граѓански права Људмила Алексејева од московската Хелсинки група ја критикуваше пресудата: „Овој процес е доказ дека кај нас не преостана многу од правото за демонстрации“.

Пред зградата на судот поддржувачите на двајцата обвинети демонстрираа мирно. „Слобода за затворениците од 6 мај“ извикуваа тие. Голем број полицајци го обезбедуваа судот.

На насилните анти-Путин протети во мај 2012 година беа уапсени околу 400 луѓе. Против 29 беше отворен процес.