Зара и проблемот со брзата мода | Економија | DW | 24.01.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Зара и проблемот со брзата мода

Активистите за климата се борат против „употреби-фрли“ текстилната индустрија, која шпанскиот успешен концерн Зара ја има доведено до перфекција. Шпанците и натаму се фокусираат на технологија.

Облека од Зара носи дури и кралицата Летиција од Шпанија - мала револуција во светот на модата. Марката од шпанскиот моден концерн Индитекс стана позната со Fast Fashion, значи евтина тренд-мода. Според Brand Finance, Зара во светот на марките, во меѓувреме, е стигната на второ место, зад Најк и ги има оставено зад себе конкурентите од овој сегмент, како Манго и H&M.

Но, токму производителите на брза мода сѐ повеќе се на мета на активистите за климата. Тие ја криткуваат економијата на фрлање и бараат повисоки цени, помало производство и подобри плати за вработените во текстилната индустрија. Со откажување од брза мода би требало да се заштедат вода и енергија и да се избегне непотребно трупање отпад.

Потрошувачите бараат поодржлива мода

„Притисокот од страна на еколошки свесните потрошувачи ќе се зголемува, иако ние тоа овде, во Шпанија, сѐ уште не го чувствуваме толку многу“, вели Кармен Валор, експертка за мода од шпанскиот елитен универзитет Комиљас. Таа е уверена дека годинава сѐ повеќе ќе се пробиваат модели од т.н. циркуларна економија, односно модели кои ќе можат да се рециклираат.

Carmen Valor Modeexpertin Universität Comillas in Madrid (Universität Comillas)

Кармен Валор, експертка за мода

Иако во 2019 година брзата мода функционираше, пазарот и бизнисот се менува. Според Меккинси Глобаш Фешн индексот, „економската добивка“ на Индитекс во изминатите години значително се намалила. Тоа е бројка која покажува кој дел од профитот може да се одземе без притоа да се загрози одржливоста на економското постигнување.

„И светот на модата мора да се концентрира помалку на пораст, а повеќе на одржливост. Но тоа, со оглед на постоечката огромна конкуренција е тешко“, признава Валор. Бранови од банкроти има во сите земји, па и во Шпанија. Освен тоа, Индитекс е присутен и на берзата, каде курсот се зголемува благодарение на индикатори како што е зголемувањето на обртот.

Концернот инвестира постојано во технологии на складирање и на автоматска идентификација на објекти како што е РФИД, но влијателните движења како „Петоци за иднината“ очекуваат многу подлабоки промени, кои се однесуваат на „цели ланци на производство и доставување, каде постојано незадоволство предизвикуваат лошите услови за работа“.

Индитекс во моментов е една од најуспешните компании во браншата. Групацијата со седиште во Галиција е не само моден, туку и технолошки гигант. Нејзините онлајн-платформи и менаџирање на складирањето станаа светски референци. Но, кога се работи за нови бизнис-модели Шпанците се воздржани. Зошто да не, кога оди толку добро, може да се помисли. Обртот во првите 9 месеци од 2019 година порасна за 7,5% и изнесува 19,8 милијарди евра, добивката е зголемена за добри 12% и изнесува 2,7 милијарди евра.

José Luis Nueno (IESE Business School)

Хозе Нуено, моден експерт од шпанската бизнис школа ИЕСЕ

„Циркуларната“ мода се потпира на рециклирање

Индитекс е еден од малкутемина играчи на пазарот кој има пари за да се најде во врвот на оние што се потпираат на техника на рециклирање, уверен е модниот експерт Хозе Нуено од шпанската бизнис школа ИЕСЕ. „Но, мора да се има на ум дека уделот на брзата мода во светот изнесува можеби 20% и дека итноста од промени можеби се чини поголема отколку што навистина е“, нагласува тој.

Производители со најголем обрт се Адидас и Најк, како и концерните на кои им припаѓаат француски луксузни марки Леринг и ЛВМХ. Нуено е уверен дека годинава и во светот на модата ќе се пробие трендот на изнајмување: „Во САД веќе цела деценија може да се изнајмува облека, а сега тоа доаѓа и во Европа.“

Претпријатието Пислоу, со седиште во Барселона, на пример, нуди ваков сервис. Модниот тип се утврдува онлајн, со помош на анкета и алгоритам. За помалку од 40 евра месечно муштеријата добива две парчиња облека и едно парче асесоар од Пислоу кој одговара на облеката. По четири недели муштеријата ги враќа позајмените делови, а Пислои ги чисти за наредниот муштерија. „Освен тоа, на многу пазари, како во САД, се повторно актуелни шивачките работилници, кои ѝ даваат свежина на старата облека“, вели Нуено.

Modefirma Pislow in Barcelona (Pislow)

Во Пислоу од Барселона за цел месец може да се изнајмат две парчиња облека и едно парче асесоар за помалку до 40 евра

Индитекс во меѓувреме става акцент на рекламирање на социјалните медиуми, со цел да си ги подобри имиџот. Се ангажираат инфлуенсери, за полирање на имиџот се користи повеќе Инстаграм. Шефот на Индитекс, Пабло Исла, во текот на минатото лето за таа цел најави дека до 2025 година 100% од памукот, ленот и полиестерот во неговата облека ќе бидат „еколошки, одржливи или рециклирани“. Но, вакви најави воопшто не се доволни за движењето „Петоци за иднината“.

Малку од помош е и тоа што основачот на Индитекс, супербогатиот Манасио Ортега, ужива скромен углед во шпанското општество поради неговите инвестиции ориентирани на даночно оптимирање. Неговиот социјален ангажман, како донации за болници или Каритас, од страна на левичарските шпански партии се оценуваат како „чисто замачкување очи“.

Потрошувачите мора да размислуваат поинаку

Значи, Индитекс, кој пред неколку месеци потпиша „Моден пакт“ за одржливост со 31 други компании, во 2020 година е соочен со големи предизвици. Покрај социјалниот притисок, тука е односот кон Second Hand модата, која има сѐ поголем успех: „Во таа сфера ќе има сѐ повеќе нови платформи, саеми, марки и деловни линии“, предвидува Нуено.

Zara in Büssel (Inditex)

Во светот на марките, Зара е пред Манго и H&M

Но, сите нови, сеедно колку се иновативни, исто како Индитекс нема да можат да заобиколат еден проблем: „За да се делува навистина одржливо, сите ние ќе мора да трошиме помалку, а економијата да функционира циркуларно“, вели Валор и тоа го појаснува со бројки: „Според светските проценки, само во САД се фрлаат 15 милиони тони облека годишно, што е речиси двојно повеќе отколку пред 20 години.“

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама