Запрена евакуацијата од Алепо | Свет | DW | 16.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Запрена евакуацијата од Алепо

Евакуацијата на цивили и бунтовници од источниот дел на Алепо е прекината. Двете страни во сирискиот конфликт се обвинуваат меѓусебно за отворање оган врз возилата за евакуација.

Светската здравствена организација соопшти дека евакуацијата на цивилите и бунтовниците е прекината и дека хуманитарците морале да го напуштат регионот. Станува збор за соработници на Светската здравствена организација и на Црвениот крст. Сириските власти и трупи не навеле причини за прекинот на евакуацијата. Во текот на вчерашниот ден повеќе илјади луѓе го напуштија источниот дел од Алепо, изјави претставничката на СЗО во Дамаск, Елизабет Хоф.

Сириската влада и противниците на режимот се обвинуваат меѓусебно за стопирањето на евакуацијата. Сириската државна агенција Сана денеска јави дека „вооружени терористички групи“ пукале врз автобуси и автомобили. Опозициониот локален Комитет за координација, наспроти тоа, соопшти дека оган отвориле милиции верни на режимот.

Според наводи на ОН, на евакуација од источниот во западниот дел на Алепо чекаат околу 50.000 луѓе.

Гледај видео 02:03

Евакуација од Алепо

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама