Осум месеци по апсењето на осомничените подметнувачи на куфери бомби во Германија, денеска во Бејрут започна судењето на едниот од нив, но кратко потоа е одложено за 18 мај. Според обвинението, либанецот Џихад Хамад ги наполнил куферите со експлозив, од кои едниот беше оставен на железничката станица во Келн, а другиот беше оставен во воз. За среќа поради техничка грешка не експлодираа. Мотивот на напаѓачите, било јавното прикажување на спорните карикатури со светецот Мохамед во германските весници.