Западниот Балкан сака потесна соработка, Австрија ќе помага | Свет | DW | 19.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Западниот Балкан сака потесна соработка, Австрија ќе помага

Австрискиот канцелар, Себастијан Курц, порача дека Австрија силно ги поддржува земјите од Западен Балкан на нивниот пат кон ЕУ и оцени дека стабилноста на Европа во значителна мерка зависи од стабилноста на овој регион.

Државите од Западен Балкан за време на средбата во Австрија се изјаснија во прилог на засилена регионална соработка, за подобрување на перспективата за членство во ЕУ.
„Сметам дека мора да покажеме поголема подготвеност за соработка во регионот ако сакаме потоа да соработуваме и со Европа“, изјави македонскиот заменик-премиер Кочо Анѓушев во Виена. Албанскиот премиер Еди Рама нагласи дека патот кон подобра соработка е процес, кој пак може да ги реши постоечките проблеми.
Лидерите на државите од Западен Балкан утрината во Виена имаа заеднички работен појадок со австрискиот канцелар Себастијан Курц. 

Тој на заедничката пресконференција, рече оти Австрија е силен партнер на земјите од Западен Балкан, со кои има силни историски, економски, политички, културни и човечки врски.

„Сметаме дека ЕУ ќе биде комплетна дури откако Западен Балкан ќе биде во неа, затоа ги поддржуваме овие земји на патот кон ЕУ и имаме посебен фокус на овој регион за време на нашето преседавање со Европската унија“, наведе Курц.

Тој истакна оти учесниците на работниот појадок имале можност да се фокусираат на три важни прашања- на патот на регионот кон ЕУ, на неопходна регионална соработка и на решавање на билатералните конфликти.

Тој им се заблагодари на сите гости за добрата соработка меѓу Австрија и нивните земји, но и на еврокомесарите, особено на еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за она што го работи во регионот.

На работниот појадок покрај Курц, Анѓушев и Рама учествуваа и премиерите на Србија, Косово и Црна Гора- Ана Бранбиќ, Рамуш Харадинај, Еди Рама и Душко Марковиќ, претседателот на Советот на министри на Босна и Херцеговина- Денис Звиздиќ, Јоханес Хан и комесарката за дигитално општество и економија на ЕУ- Марија Габриел.

 

 

Реклама