Законите не се доволни во борбата против ботовите и лажните вести | Свет | DW | 16.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Законите не се доволни во борбата против ботовите и лажните вести

Германската влада би сакала да ги отстрани ботовите и лажните интернет портали кои влијаеја на изборите во САД од политичката равенка. Но, креирањето закони ќе биде тешко.

Ангела Меркел е загрижена поради „социјалните ботови“ и лажните интернет страници. На крајот на ноември, за време на нејзиното прво поголемо обраќање откако објави дека ќе се кандидира за четврт мандат, канцеларката кажа дека таквата пракса можеби треба да биде „регулирана“. Но, изнаоѓање на конкретна легислатива е малку веројатно.

„Министерот за правда формираше специјален тим за борба против говорот на омраза на интернет“, изјави заменикот портпарол на владата Улрике Демер. „Компаниите ветија дека ќе соработуваат и дека спорните содржини веќе се бришат побрзо од порано. Но, сѐ уште има многу работа“, додаде тој.

Screenshot The Islamic State of Germany (Twitter/@SecureAmerica)

Голем дел од информациите се пропаганда

На конференција посветена на ИТ индустријата, штос е одржа на средината од ноември, германскиот министер за правда Хајко Мас изјави дека властите може да преземат правни мерки против говорот на омраза на интернет доколку со тоа се прекршат националните закони. Исто така, тој се закани со преземање правни дејствија и против социјалните медиуми како Фејсбук и Твитер доколку не бидат порешителни против тенденциозното уривање на угледот и говорот на омраза. Но, портпаролот на министерството, во петокот во Берлин изјави дека во моментот не се подготвуваат дополнителни закони за борба против социјалните ботови или лажните интернет страници.

Сепак, Меркел ги повика водечките политички експерти во Германија, меѓу нив и професорот Сајмно Хегелих од техничкиот универзитет во Минхен. Познато е дека социјалните ботови особено се користат за политичи цели – а најмногу од страна на екстремните и популистички десничарски партии.

Сите поголеми германски партии ветија дека нема да користат социјални ботови или платени интернет тролови за време на претстојните избори освен анти-имиграциската и анти-ЕУ партија Алтернатива за Германија (АФД).

„Во Германија, целото законодавство поврзано со медиумите е многу либерално поради членот 5 во Уставот кој го штити слободното изразување“, изјави Томас Јарцомберк, член на ЦДУ и експерт за дигитални медиуми. „Главното прашање е како ќе се соочиме со овој феномен. Имаме десет месеци до следните национални избори во Германија и мора да најдеме соодветни механизми. Но, важно е да не оставиме впечаток дека цензурираме нешто.“

Проблемите со законите

Како што се случува во САД и други земји, тонот на политичкиот дискурс во Германија станува сѐ поостар. Социјалните медиуми се полни со објави како оваа:

Човекот кој германската влада го ангажираше како советник за соочување со овие проблеми е скептичен дека законите би биле најдобар инструмент за борба против говорот на омраза на интернет.

„Тешко е да се препорача законско регулирање се додека целосно не го разбереме феноменот“ изјави Симон Хегелих за ДВ. „Има два проблеми со законите. Дали ќе бидат соодветни на развојот на технологијата кога ќе стапат на сила? И како меѓународна мрежа може да биде регулирана национално? Тоа не значи дека законите не можат да помогнат, но сѐ уште е нејасно како може да помогнат“.

Јарцомберк прави разлика помеѓу социјалните ботови кои смета дека се контролирани од странски земји и лажни интернет портали кои се домашен проблем.

„Со лажните интернет портали, мојата импресија е дека невработените новинари понекогаш почнуваат со блогирање и сфаќаат дека може да се заработи доколку нивните текстови не се поагресивни и поостри. Тоа го зголемува бројот на читатели и приходи од реклами. Тоа е опасност, кога луѓето во Германија кои имаат економски интерес станувааат поагресивни и помалку објективни“.

Улогата на медиумите

Twitter-Auftritt von #HaberSIZsiniz (Arnd Riekmann)

Се повеќе луѓе ги добиваат вестите исклучиво од социјални медиуми.

Хегелих вели дека веќе е направено многу во доменот на зголемување на свеста на јавноста со цел да се спречи влијанието од социјалните ботови, сајтовите за лажни вести и лајкувањето. Јарцомберк очекува повеќе од мејнстрим медиумите во поглед на нивната традиционална функција како четврта власт.

„Мислам дека е повеќе значајно од било кој потег на политичарите е тоа новинарите да се бранат себеси против ваков вид на нефер конкуренција“, вели експертот за дигитални медиуми од ЦДУ. „Медиумите треба да ги откријат механизмите зад лажните вести и да се справат со нив директно не дозволувајќи циркулација на специфични лажни извештаи“.

Тој цитира натписи во весници како Вашингтон пост во САД, давајќи пример за тоа што треба да биде сторено за да се едуцира јавноста за тоа како странски и домашни ентитети може да се обидат политички да ги манипулираат. Тој вели дека посакува да има споредбени натписи на германски јазик.

Но дали новинарите навистина може да го спречат ширењето на сајтови со лажни вести и пораките кои се твитаат од ботови? Млад, локален конзервативен политичар има интригантен став за ова прашање.

Ботови против ботови?

Infografik Global Bot Traffic 2015

Дали добрите ботови може да работат против лошите?

Јена Берендс е 26-годишен студент на ЦДУ, регионален претставник за Берлин Мите.

Таа смета дека дури и во случај германската влада да успее некако да забрани нешта како социјални ботови, тоа веројатно нема да функционира.

„Техничкиот развој на социјалните ботови е многу побрз од германскиот легислативен процес“, вели Берендс за Дојче Веле. „Ботовите стануваат сѐ подобри и подобри. Додека ние се обидеме да избришеме една генерација на социјални ботови, програмерите за ботови веќе долго време работеле за да ја создадат следната“.

Во текст за онлајн изданието на Шпигел, Берендс предлага да се вработат „позитивни“ социјални ботови за да се спротивстават на штетата направена од ектремните, негативни. Но таа аргументира дека идејата бара голема дебата, особено со оглед на тоа дека државата има должност да остане политички неутрална. „Но само поради тоа што е комплицирано, не значи дека треба да се избегне дебатата“, вели таа за ДВ.

„Мора да се дебатира за тоа за кои твитови, постови на Фејсбук, итн...на демократските ботови ќе им биде дозволено да реагираат. Дали само за нелегалните постови? Или за оние за кои е очигледно дека се лажни? И кој одлучува кои се лажни? Една опција е можеби да постои независна фондација финансирана од државата“.

Очигледно, таква дебата нема да може навремено да ги спречи ботовите и сајтовите за лажни вести од ширење на нивното негативно влијание за изборите во Германија во 2017 година. Но ваквите сугестии покажуваат колку сериозно германските политичари, конзервативците и либералите, ги земаат скорешните случувања во западната политика.

Реклама