Заев: руското влијание во Македонија се засилува | Македонија | DW | 27.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Заев: руското влијание во Македонија се засилува

Расте ли влијанието на Москва во Македонија? Во прилог од Скопје, телевизијата Јуроњуз на оваа тема ги спротивставува мислењата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Попоски

По парламентарните избори во декември минатата година видливо е зголемен рускиот интерес за Македонија, тврди во интервју за Јуроњуз, претседателот на СДСМ, Зоран Заев. Тој предупредува дека без одлучна акција на ЕУ и САД, улогата на Русија во Македонија ќе се засилува.

„Руското влијание веќе се чувствува преку зголеменото кадровско присуство и изјавите на рускиот министер за надворешни работи, како и преку активностите на нивната Амбасада во земјата“, вели Заев.

„Трендот на опаѓачка поддршка за ЕУ и НАТО е видлив меѓу македонските граѓани. Процентот на опаѓање е многу мал, но е видлив“, тврди Заев.

„Верувам дека доколку не се преземат дополнителни мерки, поради намалениот интерес на ЕУ и САД во овој регион, Руската федерација ќе добие уште повеќе простор да ги наметне своите интереси“.

Nikola Poposki bei Conflict Zone (DW/D. Mac Coitir)

Попоски смета дека интересите на Русија се легитимни

Шефот на македонската дипломатија, од друга страна, ги отфрла ваквите забелешки.

„Русија има свои интереси и тоа е легитимно. Но истото прашање може да им се постави и на актуелните земји-членки на ЕУ, исто така“, вели Никола Попоски.
„Не се работи за нешто што е ексклузивно само за нашиот регион или само за кандидатите или потенцијалните земји-кандидати од балканските држави“, вели Попоски.

Руското МНР изминативе месеци, невообичаено за неговата пракса во претходните години, реагираше со серија изјави и соопштенија во однос на состојбата во Македонија. Шефот на дипломатијата Лавров и неговото министерство отворено застанаа на страната на македонскиот претседател Ѓорге Иванов и ВМРО-ДПМНЕ, критикувајќи ги СДСМ и партиите на Албанците дека работат на федерализација на државата.
Магазинот Политико пред извесно време пишуваше дека лобирањето на одредени американски конгресмени и сенатори за ВМРО-ДПМНЕ во САД е исто така под влијание на Русија. 

DW.COM

Реклама