Заев: Решението „Илинденска Македонија“ не е понижувачко | Северна Македонија | DW | 21.05.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Заев: Решението „Илинденска Македонија“ не е понижувачко

Македонскиот премиер Зоран Заев очекува разговорите со Грција за спорот за името да продолжат и бара да му се даде шанса на предлогот „Република Илинденска Македонија“.

„Блиску сме, можеме да најдеме решение“, уверен е македонскиот премиер Зоран Заев во врска со спорот за името. Тој тврди дека пакетот решенија околу името „Република Илинденска Македонија“ треба да се разгледа длабински и дека тој може да стави точка на 25-годишниот спор со Грција. Заев верува дека предлогот за кој разговарале во Софија со грчкиот премиер Ципрас е вин-вин суитуација за двете земји:

„Јас и премиерот Ципрас целосно верувавме во ова решние, но ние сме само една од алките во целиот овој процес. Ние сме само Зоран и Алексис, и ние сме повикани како претседатели на влади да ги носиме процесите. Знаете дека уште во првиот момент рековме дека постои опција којашто може да биде прифатлива за двете страни, а тоа значи дека прво треба да видиме како стојат (каков е ставот, н.з.) политичките структури во државите, институциите на државите. На крајот, си има и институционални процеси во донесувањето на одлуките. Кај нив е тоа парламентот преку ратификација на евентуалниот договор за решението, кај нас е и парламентот и граѓаните преку референдум и евентуалните уставни промени коишто би се случиле, заради тоа што беше пакет во прашање. Од тоа што го слушнавме во јавноста видовме дека не постои парламентарно мнозинство за оваа работа (во Грција, н.з.), но јас се надевам дека преспиваат, добро размислуваат... За нас е важно заради тоа што не задира во нашиот идентитет, напротив - го јакне нашиот идентитет, го сочувува достоинството и ги постигнуваме условите коишто за нас се важни. А, исто така, грчката страна добива ново име, сложено, добива одредница и добива уставни промени.“

Македонскиот премиер напомена дека станува збор за пакет решение, а не за поединечни делови, „заради тоа што не може да се очекува уставна промена во Македонија за кое било решение“. „Затоа прифативме уставна промена - затоа што ова е решение коешто не нѐ понижува“, рече Заев.

Еве ја неговата изјава за името, во која ја коментира и претстојната средба со посредникот на ОН, Метју Нимиц:

Гледај видео 05:48

Заев верува во „Илинденска Македонија“

Изјавата за името македонскиот премиер ја даде по соопштувањето на ослободителната пресуда за него во случајот „Поткуп“, според која Обвинителството не успеало да докаже дека тој сторил кривично дело примање поткуп.

Повеќе:

Заев: Илинденска Македонија ќe ни ги отвори вратите на ЕУ и НАТО!

За кого бијат Илинденските камбани?

Претходно, партијата „Левица“ во Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Заев за нарушување на уставниот поредок на државата. Димитар Апасиев рече дека Заев со изјавите за преговорите за името ги загрозил преговарачките позиции на Македонија и ја довел државата во зависна положба од друга држава. Од „Левица“ додаваат дека постои можност да ја прошират пријавата и против други лица, а како пример е посочен шефот на дипломатијата, Никола Димитиров.

Реклама