Заев очекува решение за спорот за името до јули | Северна Македонија | DW | 08.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Заев очекува решение за спорот за името до јули

Во интервју за грчката телевизија Алфа, македонскиот премиер вели дека е можно да се најде решение во деценискиот спор во првата половина на 2018 година. Следната недела нова средба во Њујорк.

Македонија и Грција имаат добра шанса да го решат долгогодишниот спор до јули годинава, изјави Заев за Алфа.

„Верувам дека е можно да се најде решение до крајот на првата половина на 2018“, вели македонскиот премиер. Агенцијата Франс прес, во веста за интервјуто наведува дека Заев, по изборот на функцијата минатата година, го заложил својот политички капитал на решавање на спорот со Грција, затоа што тоа би значело влез во ЕУ и НАТО за земјата.

Во интервју за грчките медиуми во саботата, премиерот Алексис Ципрас исто така рече дека „2018 е година за одлуки кои треба да ја оправдаат водечката улога на Грција на Балканот“.

Преговарачите од двете земји одново ќе се сретнат во Њујорк на 19 овој месец со посредство на медијаторот Метју Нимиц.

Останува неизвесно која ќе биде позицијата на двете најголеми опозициски партии во Македонија и Грција, ВМРО-ДПМНЕ и Нова демократија во однос на преговорите и можниот исход од нив. Обете партии се жалат дека се исклучени од процесот.

Повеќе здруженија во Грција веќе најавија и протести против користењето на името Македонија од страна на северниот сосед. Во Македонија, од друга страна, останува отворено прашањето дали евентуалниот договор со Грција ќе мора да биде потврден и на референдум.

DW.COM

Реклама