Заев: Нема да дозволам педер, суетен новинар и неколку криминалци да ја урнат Владата | Северна Македонија | DW | 14.08.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Заев: Нема да дозволам педер, суетен новинар и неколку криминалци да ја урнат Владата

Изјава на премиерот Зоран Заев во врска со случајот „Рекет“ предизвика бурни реакции во С. Македонија

Наместо фотографија на денот, денеска - изјава на денот: македонскиот премиер Зоран Заев, одговарајќи на новинарско прашање дали знаел за рекетот кој го правел  Бојан Јовановски, познат како Боки 13, изјави: „Јавно отфрлив секакви шпекулации и споменувања на моето име и целосно стојам зад тоа. Верувам во транспарентни, прецизни и брзи истраги и уште еднаш напоменувам дека јас сум човекот кој го пријави случајот, да не биде тоа заборавено. Секако дека нема да дозволам неколку криминалци, еден суетен новинар и, да ми извини ЛГБТ заедницата, еден педер да ја симнат оваа влада од власт. Ќе се бориме до крај, секој што се инволвирал секако ќе си носи одговорност“.

Реклама