Заев и натаму убеден дека ќе формира влада | Македонија | DW | 15.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

Заев и натаму убеден дека ќе формира влада

Лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев од Битола на своите симпатизери им порача дека е сигурен оти Никола Груевски нема да ја формира новата влада. Бара трпение да се почекаат одлуките на ДИК.

Решенијата на Државната изборна комисија, а подоцна и на Управниот суд, нема да имаат никакво влијание врз одлуката кој ќе ја предводи идната влада, порача Заев од Битола.

Говорејќи пред членови и симпатизери на СДСМ во градот, Заев апелираше до сите граѓани на сталоженост и смиреност.

„И мене ми е јасно и на Груевски му е јасно дека без разлика на исходот од резултатот во ДИК, тој влада не може да формира во Македонија“, рече Заев.

„Одлуките на ДИК и на Управниот суд се формално-правни процеси кои треба транспарентно да почнат и да завршат, без разлика каков ќе биде конечниот резултат“.

„Идната влада не зависи од работата на ДИК. Идната влада ќе ја водиме ние и ќе биде европска.

На граѓаните им порача дека „никому влакно од главата нема да му фали“ и дека сите ќе бидат вклучени во „градењето на Македонија“.

Заев информираше дека тој е во редовна комуникација со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и покрај впечатокот во јавноста дека тие двајца се непријатели.

„Јас и Груевски не се гледаме преку нишан и не сме со вперени пушки меѓу нас. Ние седиме заедно, ние разговараме заедно, ние одлучуваме за иднината на Македонија, иако сме спротивставени. Ние се слушавме во текот на кампањата, разговаравме во време на (предизборниот, н.з.) молкот за да го контролираме заедно избирачкиот процес“, рече Заев.

DW.COM

Реклама