Заев и Мицотакис со желби за продолжување на соработката | Северна Македонија | DW | 08.07.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Заев и Мицотакис со желби за продолжување на соработката

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска му ја честитал телефонски победата на Киријакос Мицотакис на изборите во Грција.

Македонскиот премиер Зоран Заев во телефонскиот разговор со новиот премиер на Грција, Киријакос Мицотакис, му ја честитал победата на парламентарните избори во Грција и му посакал просперитет и благосостојба на јужниот сосед, соопшти денеска македонската влада. Двајцата премиери, како што се нагласува во соопштението, заеднички изразиле надеж за продолжување на соработката меѓу Северна Македонија и Грција.

Заев ги потврдил позициите дека Грција е „стратешки партнер на Северна Македонија“ со којшто „се развива соработка“ и се гради „трајно пријателство“ и изразил благодарност за поддршката којашто земјата ја добива од Грција за членството во НАТО и за почетокот на преговорите со ЕУ.

На крајот на соопштението се додава и дека „премиерот Заев упатува во оваа прилика голема благодарност до досегашниот премиер на Грција и лидер на Сириза, Ципрас, за соработката со која беа поставени темели на трајно пријателство меѓу нашите земји и за визијата со која беше поставена основа за еден нов Балкан од кој зрачи мир, како и за храброста со која заеднички се вложија да го решат спорот кој 27 години ги попречуваше билатералните односите меѓу нашите држави и народи“.

Повеќе:

Ципрас и Заев изградија цврсти темели, ќе го издржат ли Мицотакис?

Грција: Промена на власта среде одмори

Киријакос Мицотакис денеска на инаугурацијата во Атина оцени дека „тешката работа почнува денеска“. Неговата партија Нова Демократија на изборите освои речиси 40 проценти од гласовите и стигна до апсолутно мнозинство во парламентот. Грцита на Нова Демократија ѝ дале силен мандат „за таа да ја промени земјата“, изјави Мицотакис. Новата влада на Грција треба да биде инаугурирана утре, а во среда треба да се одржи и првата седница на новиот кабинет.

DW.COM

Реклама