Заев: Време е ЕУ да преземе одговорни чекори за Северна Македонија | Северна Македонија | DW | 30.04.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Заев: Време е ЕУ да преземе одговорни чекори за Северна Македонија

Стабилноста и реформите кои ги испорачуваме мора да бидат разбрани како сериозни аргументи за позитивна одлука за почеток на преговори со ЕУ, оцени македонскиот премиер Зоран Заев по враќањето од Берлин.

Најважниот и најмногу нагласуван заклучок по конференцијата за Западен Балкан во Берлин, според макеоднскиот премиер Зоран Заев, е дека „успешниот договор што го постигнавме со Грција е модел за решавање отворени прашања и конфликти“.

Иако проширувањето на Унијата не беше тема на Конференцијата, вели Заев во денешното соопштение, „ги искористивме сите можности да ја испратиме нашата порака, а тоа е пораката на нашите граѓани до Европа, дека сме подготвени да придонесуваме уште повеќе и да бидеме јадрото на Балканот од кое извира европската идеја за заедништво, солидарност и соработка“.

Повеќе:

ЕУ и наградата за Северна Македонија

Само стабилност на Западен Балкан не е доволно

Лижење на раните

Според македонскиот премиер, „стабилноста и реформите“ кои ги испорачува земјата „мора да бидат разбрани како сериозни аргументи за позитивна одлука од страна на Европската Унија за почеток на преговорите со Северна Македонија во текот на летото“.

Заев потенцира дека земјата презела одгвоорност за себе и регионот и дека сега е време и ЕУ „да преземе одговорни чекори за Северна Македонија и за Западен Балкан, што впрочем ќе значи и одговорност кон сопствените европски народи“: 

„Во духот на соработката и интеграцијата, сега е неопходно и Унијата да испорача, бидејќи европската идеја за сојузништво на различностите бара постојана грижа за себе и за другиот“, смета Заев, додавајќи дека македонските граѓани може да бидат „горди“, затоа што „Европа го слави успехот“ на земјата, а тоа, како што оценува тој, е „заеднички успех на сите вас“.

DW.COM

Реклама