Загатката за руските војници во Венецуела | Свет | DW | 26.03.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Загатката за руските војници во Венецуела

Русија испрати воени транспортни авиони со стотина војници и товарни возила во Венецуела. Дали Москва подготвува воена интервенција за поддршка на Николас Мадуро?

Откако два руски воени транспортери во саботата слетаа на аеродромот во Каракас, не се ретки оние кои сметаат дека Русија подготвува воено вмешување во борбата за власт во Венецуела.

Според медиумите, авионите донеле стотина униформирани војници и 35 тони опрема во Венецуела, меѓу другото и товарни камиони. Наводно, меѓу пристигнатите бил и генерал-полковник Василиј Тонкошкуров, заповедник на руските копнени трупи.

Двата авиони на патот кон Каракас накратко слетале во Сирија, каде Русија од 2015 година воено се ангажира на страната на властодржецот Башар ал-Асад. Дали Кремљ навистина планира да му притекне во помош и на Николас Мадуро?

Досегашните размери на акцијата во латиноамериканската земја зборуваат спротивно од руската интервенција во Сирија, а уште помала споредба има со онаа на Советскиот Сојуз во Авганистан. За причините може само да се шпекулира, вели рускиот воен експерт Александер Голтс за Дојче веле: „Можеби руските трупи спремаат евакуација на Мадуро, можеби сакаат да го транспортираат златото или испраќаат засилување за одбрана на Мадуро, ништо не е исклучено".

Русија ѝ лиферува милијарди вредно оружје на Венецуела

Официјална Москва засега молчи, и во руските медиуми пристигнувањето на двата транспортни авиони во Венецуела е само маргинална тема. Руската државна новинска агенција Риа новости вчера емитуваше извештај според кој воените претставници се во Венецуела поради советувања поврзани со поранешни договори за лиферување оружје. Агенцијата се повикува на руски дипломат во Каракас, потенцирајќи – во мисијата нема ништо тајно.

Venezuela Airport Maiquetia russische Präsenz (Getty Images/AFP/F. Parra)

Венецуелскиот министер за надворешни работи Падрино (втор од лево) лани во декември пречека руски воени претставници

Русија со години ѝ испорачува оружје на Венецуела, неговата вредност се проценува на преку десет милијарди американски долари, а тука спаѓаат борбени авиони, хеликоптери, авионски противвоздушни системи и тенкови. Наскоро треба да биде изградена фабрика за автоматско оружје од типот „Калашников“ и фабрика за муниција. Испораката на оружје и инвестициите во венецуелската нафтена индустрија се главните интереси на Русија во од криза потресуваната земја во Јужна Америка.

Причина за руската воена водржаност

Во изминатите месеци, Кремљ ги отфрли гласините за можно руско воено присуство во Венецуела. Се шпекулираше меѓу другото за руски воени платеници од т.н. „ Единица Вагнер“ со борбено искуство во Источна Украина и во Сирија. На крајот на јануари венецуелскиот претседател Николас Мадуро разговараше телефонски со шефот на руската држава, Владимир Путин. Но, Мадуро притоа не побарал воена помош, изјави тогаш портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Повеќе:

Tешка мисија во Венецуела

Мадуро против Гуаидо: Борба како онаа на Али и Формен

Досега, подготвеноста на Русија за воена помош на Венецуела покажува само симболички каратер. Така, Москва во декември 2018 година испрати во Каракас  два атомски бомбардери од типот Тупољев-160 на заеднички маневри со венецуелската воена авијација. Мал детал: тогаш бомбардерите беа придружувани од истите авиони кои сега слетаа во Каракас, еден Иљушин-62 и еден Антонов-124. Но, тоа се случи пред ескалацијата на кризата, пред опозициониот политичар Хуан Гуаидо да се прогласи за привремен претседател, кого го признаа бројни западни држави.

Во руските медиуми се наведуваат две можни причини за досегашната воена воздржаност на Москва во Венецуела. Прво, тамошната владина армија е јасно посилна отколку на пример онаа во Сирија пред руската интервенција. Второ, оддалеченоста е значително поголема, со што е потешка и логистичката поддршка на трупите. На социјалните мрежи се шпекулира дека Русија првенствено сака да ги одврати САД од воена интервенција во Венецуела.

 

DW.COM

Реклама