Загадениот воздух не ги спречува граѓаните да возат | Северна Македонија | DW | 04.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Загадениот воздух не ги спречува граѓаните да возат

Министерството за животна средина излезе со препораки до граѓаните поради загадениот воздух, министерот за здравство најавува бесплатни маски за хронично болните, а граѓаните немаат намера да се откажат од автомобилите.

Министерот за здравство Венко Филипче најави дека 43.000 хронично болни треба бесплатно да добијат маски за заштита од аерозагадувањето. Филипче смета дека маски треба да добијат и децата, но сѐ уште се работи на утврдување на нивниот број и начинот на којшто би се делеле. „Со Министерството за животна средина веќе утврдивме дека маските не го решаваат проблемот, но сепак се некаква форма на заштита“, изјави министерот за здравство.

Повеќе:

Загадениот воздух е најголема опасност за здравјето на Европејците

Загадениот воздух убива седум милиони луѓе годишно

Поради големото аерозагадување, Министерство за животна средина и просторно планирање денеска на граѓаните им препорачува да не користат прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и каков било синтетички материјал и правилно да ги користат печките за дрва. Освен тоа се препорачува и користење на јавниот превоз и да не се користат возила без поголема потреба.

Сообраќајот не е загадувач број еден, но проблемот континуирано се влошува. Граѓаните не само што не возат помалку, туку во Македонија за 4 години бројот на автомобили е зголемен за речиси 60.000.

Повеќе од видеото на оваа тема:

Гледај видео 00:49

Бројот на автомобили се зголемува

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама