Загадениот воздух во 2019 убил 3,400 луѓе во Северна Македонија | Северна Македонија | DW | 15.11.2021

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Загадениот воздух во 2019 убил 3,400 луѓе во Северна Македонија

Доколку Северна Македонија ги почитува новите стандарди на СЗО за штетни честички во воздухот би можела да ги спаси животите на илјадници свои граѓани секоја година, покажува извештај на агенцијата на ЕУ.

Europa Luftverschmutzung in Skopje

Почитувањето на новите препораки би ја намалило смртноста од загадениот воздух во Северна Македонија за огромни 74 проценти. 

Повеќе од половината од над 300.000 предвремени смртни случаи предизвикани од загадување на воздухот во Европа во 2019 година ќе биле избегнати доколку се почитувале новите препораки за квалитетот на воздухот на Светската здравствена организација, заклучува Европската агенција за животна средина (ЕЕА) во извештајот објавен во понеделникот.
Новите препораки на СЗО за заштита од аеро-загадувањето се објавени оваа година, и ниту една земја во Европа се уште не ги имплементирана. Но, доколку тоа се случи во наредниот период, може драматично да се намали смртноста поради лошиот воздух.

Тоа особено се однесува на Балканот каде со години наназад се бележат рекордни нивоа на загаденост на воздухот, особено во зимските месеци. Во Србија, Бугарија, Грција, Албанија и БиХ, предвремената смртност поради загадениот воздух би се намалила за, во просек, над 70 проценти. 

Конкретно во Северна Македонија, почитувањето на новите препораки би ја намалило смртноста од загадениот воздух за огромни 74 проценти. 

Опасно загадување 

Според проценките на ЕЕА, во 2019 година во Северна Македонија 3.400 луѓе починале како резултат на загаденост на воздухот со ПМ2,5 честички; 120 луѓе како резултат на загадување со азотен диоксид; и 90 поради загаденост на воздухот со озон.

Доколку земјата почне да ги спроведува новите препораки на Светската здравствена организација за ограничување на аеро-загадувањето со ПМ2,5 честички на ниво на 5 микрограми на кубен метар во текот на годината, проценката е дека би биле спасени 2.500 прерано загубени  животи. 

Аерозагадување - Скопје се гуши во отровна магла

На ниво на ЕУ, ПМ2,5 честичките се ограничени на 25мг, но се прават напори таа граница да се спушти на под 20. СЗО, пак, досега препорачуваше дека нивото на овие честички не смее да надмине 10мг, а од годинава препорачува дополнително спуштање на 5мг.

За споредба, во понеделникот (15.11) во 14 часот, во центарот на Скопје беа измерени 38мг ПМ2,5 честички, во Битола нешто помалку-36, во Куманово-44, во Охрид- 27, а во Тетово 64 микрограми на кубен метар. Во многу други градови низ земјата, присуството на ПМ2,5 честички воопшто не се мери.

Загадувањето на воздухот е најголемиот еколошки ризик фактор за здравјето на луѓето во Европа. Загадувањето може да доведе до срцеви заболувања и мозочен удар- главните причини за прерана смрт, како и болести на белите дробови и рак на белите дробови.

Целиот извештај можете да го прочитате на следниот линк.

 

DW.COM