Завршната декларација на Г20 е договорена | Свет | DW | 01.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Завршната декларација на Г20 е договорена

Преговарачите на шефовите на држави или влади на самитот на Г20 во Буенос Аирес постигнаа согласност за завршната декларација, се вели од кругови на ЕУ.

Последните несогласувања на преговарачите околу завршната декларација се надминати разно изутринава, соопшти неименуван висок претставник на ЕУ. Меѓутоа, сѐ уште нема конечна согласност од страна на шефовите на држави или влади на земјите кои ја сочинуваат Г20.

До крајот спорни беа важни точки, како трговијата, промените на климата и миграцијата. Меѓутоа, како што се вели, сега има согласност за сѐ.

ЕУ како најголем успех го смета тоа што шефовите на држави или влади на најважните индустриски земји и земји во забрзан подем ќе бидат обврзани да продолжат со реформи на Светската трговска организација, со цел да се овозможат заеднички правила на игра. Освен тоа, во завршната декларација би требало да се укаже дека на решенија на проблемите и натаму ќе се работи мултилатерално, што значи во голем круг земји. Со оглед на политичкиот курс на американскиот претседател Доналд Трамп, дипломатите ова го сметаат за успех.

G20-Gipfel in Hamburg Merkel und Putin (picture-alliance/dpa/B. von Jutrczenka)

Меркел и Путин имаа работен појадок во Буенос Аирес

Средба на Меркел и Путин

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Буенос Аирес ги остварува билатералните средби кои практично на дневен ред на Г20 стоеја вчера. Меркел стигна со задоцнување на самитот поради проблеми со владиниот авион. Таа денеска изутрина појадуваше со рускиот претседател Владимир Путин. Најавено беше дека во фокусот на средбата ќе биде ескалацијата на украинскиот конфликт по инцидентот со украинските бродови пред брегот на Крим. САД и Украина од германската канцеларка очекуваат зајакната улога на посредник. Американскиот претседател Доналд Трамп поради инцидентот во Азовското Море ја откажа средбата со рускиот претседател Владимир Путин.

G20-Gipfel in Argentinien Merkel & Gastgeber (picture-alliance/dpa/G20 Argentina)

Германската канцеларка Меркел со своите домаќини - аргентиснкиот претседател Макри (л.) со сопругата и градоначалникот на Буенос Аирес, Ларета и неговата сопруга

По разговорите со Путин, Меркел на маргините на самитот на Г20 треба да разговара и со Трамп, како и со кинескиот претседател Ши Џинпинг. Освен тоа, денеска се планирани и билатерални средби со претседателот на Аргентина, Маурисио Макри, како и премиерот на Индија, Нарендра Моди.

DW.COM

Реклама