Зависноста од смартфонот го менува мозокот | Панорама | DW | 05.12.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Зависноста од смартфонот го менува мозокот

Зависноста од „паметниот“ телефон засега не е призната како болест. Но истражувачите открија промени во мозоците на погодените, слични на оние кои ги имаат лицата кои страдаат од депресија или анксиозност.

Една половина од сите тинејџери во САД е уверена дека е зависна од смартфон. Милениумската генерација дневно минува околу 5 часа во интеракција со „паметните“ телефони. Досега зависноста од мобилниот телефон и интернет не беше призната како болест, но истражувачите во мозоците на погодените лица открија промени. Односот на важни невротрансмитери кај нив веќе не бил во рамнотежа. 

Гледај видео 01:03

Опасна зависност од смартфон

Такви разлики пронајдени се и во мозоците на лица со пореметувања на страв, како анксиозност и депресија. Младите зависници страдале и од нарушувања на сонот. 

Добра вест: по соодветна терапија мозоците повторно се нормализирале.

А, колку долго Вие можете да издржите без Вашиот телефон?

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама