Забранети сите активности на Хезболах во Германија | Свет | DW | 30.04.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Забранети сите активности на Хезболах во Германија

Приврзаниците на либански Хезболах мора да ги запрат активностите во Германија. Забраната ја донесе министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер. Од изутринава се спроведуваат рации во некои здруженија и џамии.

Deutschland | Berlin | Razzien gegen Hisbollah

Припадници на полицијата изутринава влегоа во здружението Ал-Иршад во Берлин

Полицијата во повеќе германски покраини од раните утрински часови спроведува рации против шиитската организација, соопшти Министерството за внатрешни работи на Твитер. Се вршат претреси на простории на здруженија и џамии. Во визирот се четири здруженија, за кои постои сомневање дека припаѓаат на оваа шиитска организација, инаку означена како терористичка.

Министерот за внатрешни работи Хорст Зехофер претходно ја забрани работата на Хезболах во Германија. Тоа, фактички е исто со забрана за Хезболах, која официјално во Германија не располага со свои структури. Организацијата која оперира пред се’ од Либан е осомничена за насилство и напади врз Израел, чија егзистенција ја отфрла. „Правната држава е способна за дејствување и во кризни времиња“, напиша портпарол на германското МВР.

Безбедносните власти проценуваат дека во Германија има околу 1050 приврзаници на Хезболах. Тие, како што се вели, се среќаваат пред се’ во одделни локални здруженија во џамии. Причина за истрагата против четирите здруженија во Берлин, Дортмунд, Бремен и Минстер, би можело да биде очекуваното учество на Хезболах на демонстрации против Израел на денот Ал-Кудс (ден на солидарност со борбата на Палестинците за независност, н.з.), кој годинава е на 16 мај.

Повеќе:

Дали Иран сѐ уште ги контролира паравоените милиции?

Либан: Еднa оставка, многу проблеми 

Како се финансира тероризмот?

Израел и САД ја пофалија Германија за постапката. „Го поздравуваме овој исклучително значаен и разумен чекор на Германија во борбата против меѓународниот терор“, напиша израелскиот амбасадор во Берлин, Џереми Исахароф на Твитер.

Американскиот амбасадор во Берлин, Ричард Гренел, изјави: „Одлуката на владата да дејствува ја отсликува решителноста на Западот да и’ се спротивстави на глобалната закана која произлегува од Хезболах.“ Гренел апелираше до државите до ЕУ да го следат овој чекор и побара ставање на Хезболах како целина на ЕУ-листата за тероризам и нејзина забрана.

ЕУ во 2013 година го означи како терористичка организација военото крило на Хезболах. САД и Израел одамна вршат притисок врз Германија да ја забрани Хезболах како целина.

Реклама