Забрана за пластиката за еднократна употреба | Свет | DW | 19.12.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Забрана за пластиката за еднократна употреба

По долги преговори, државите на ЕУ се договорија да ја забранат пластиката за еднократна употреба. Со тоа треба да се спречи пред сѐ загадувањето на морињата.

Преговарачите на Европскиот парламент и Европската комисија постигнаа согласност за ЕУ-забрана на пластични чинии, цевки и други производи за еднократна употреба од пластика. Забраната би требало да придонесе за намалување на пластичниот отпад кој завршува во природата и морињата.

Гледај видео 01:21

ПЕТасе брзо „вари“ пластика

Според ЕК, планот носи огромни еколошки предности. На пример, испуштањето на ЦО2 би требало да се намали за 3,4 милиони тони, а до 2030 година да се спречат еколошки штети во вредност од 22 милијарди евра. Потрошувачите пак, би можеле да заштедат 6,5 милијарди евра.

Повеќе: ЕУ во борба против пластиката

Промените би требало да стапат во сила за две години, значи на почетокот на 2021 година. Ќе биде забранета само употребата на производи за кои веќе има подобри алтернативи. Меѓу тие производи се, на пример, балоните. Капачињата на пластичните шишиња за еднократна употреба ќе смеат да се употребуваат уште пет години по стапувањето во сила на забраната за пластични производи за еднократна употреба, но само доколку се врзани за шишето, за да не завршуваат одделно во природата.

Plastik-Müll im Meer (picture-alliance/Photoshot)

Повеќе од 80% од отпадот во морињата е - пластика

Стратегијата против пластичниот отпад ќе го промени секојдневието на секој поединец. Пакетот мерки е значаен пред сѐ за фирмите кои произведуваат пластични продукти. Таа бранша не е мала. Според наводи на властите, во 2015 година овие фирми правеле обрт од 340 милијарди евра и вработувале 1,5 милиони луѓе.

Гледај видео 00:59

Не ми треба кеса, имам торба!

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама