Забраната за маскирање во Хонгконг е неуставна, насилството ескалира | Свет | DW | 18.11.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Забраната за маскирање во Хонгконг е неуставна, насилството ескалира

Забраната за носење маски во Хонгконг, според Врховниот суд во земјата, е неуставна. Ограничувањата одат многу подлабоко отколку што е тоа неопходно, оцени судот. Во меѓувреме ситуацијата во Хонгконг се заострува.

Демонстрантите во Хонгконг смеат и натаму да носат маски. Врховниот суд оцени дека забраната за маскирање донесена на 4 октомври, која се заснова на закон од колонијалното време, е неуставна. Ограничувањата на основните права со забраната „одат подалеку од она што е разумно неопходно“, се вели во пресудата.

Во меѓувреме ситуацијата во Хонгконг се заострува. Полицијата ги опколи демонстрантите на Политехничкиот универзитет и поставувајќи барикади го блокираше комплексот. Полицајците со употреба на гумени куршуми и солзавец спречија неколку обиди на студентите да се пробијат низ барикадите.

Hongkong Proteste (Getty Images/A. Kwan)

Маски смеат да се носат и натаму

На просторот на Политехничкиот универзитет се забарикадирани неколку стотини студенти. Полицијата тврди дека врз нејзините службеници било фрлано со молотови коктели и бара од сите да го напуштат универзитетскиот комплекс. Според медиумски извештаи, демонстрантите наводно имаат поставено гајби со бензин околу универзитетот. На видео-снимки може да се види како полицијата води млади луѓе со лисици на рацете.

„Доколку продолжат со вакви опасни акции, нема да имаме друг избор освен да примениме минимално насилство, меѓу другото и боева муниција, за да возвратиме“, напиша на Фејсбук портпаролот на хонгконшката полиција, Луис Лау.

Proteste in Hongkong (Reuters/T. Peter)

Полицаец во Хонгконг со пиштол насочен кон демонстрантите кои се обидуваат да избегаат од комплексот на Политехничкиот универзитте

Претходно, во судирите на Политехничкиот универзитет со стрела беше повреден еден полицаец, кој е префрлен во болница.

Активистите во Хонгконг за денеска повикаа на „акција во самрак“: „Станете рано, гаѓајте директно кон режимот, исцедете ја економијата за да се зголеми притисокот“, стои на плакат кој курсира на интернет.

Активистот за човекови права Џошуа Вонг ја брани употребата на насилство од страна на демонстрантите: „Со чисто мирен протест нема да ја оствариме нашата цел“, изјави Вонг за „Зиддојче цајтунг“ и додаде: „Тоа нема да го оствариме ниту само со насилство. Потребни ни се двете“.

Hongkong l Anti-Regierungsproteste an der Polytechnischen Universität (Reuters/A. Perawongmetha)

Пожар на влезот на Политехничкиот универзитет

Во саботата кинеската армија излезе на улиците на Хонгконг и помагаше при расчистувањето по протестите. Според уставот на Хонгконг, кинеските војници кои се таму стационирани не смеат да ги напуштаат касарните. Но, според Членот 14, владата на Хонгконг може да побара поддршка од нив доколку е загрозен јавниот ред. Набљудувачите оценија дека излегувањето на армијата на улиците претставува еден вид демонстрација на моќ. Портпарол на хонгконшката влада соопшти дека помош од војниците не била побарана и дека касарната почнала со акцијата на расчистување „по сопствена иницијатива“.

Протестите во Хонгконг траат со месеци. Тие прво беа насочени против планиран закон кој требаше да овозможи испорачување на лица од Хонгконг во Кина. Во меѓувреме протестното движење барашироки демократски реформи и соборување на прокинеската влада и на премиерката Кери Лам. Протестите се проследени со насилство, во кое досега загинаа две лица.

Гледај видео 01:17

Се обидува ли Кина да создаде замена за Хонгонг?

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама