Заболената од коронавирус е во добра состојба, се испитуваат лицата со кои контактирала | Северна Македонија | DW | 26.02.2020
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Заболената од коронавирус е во добра состојба, се испитуваат лицата со кои контактирала

Жената кај која беше дијагностициран коронавирусот е во добра состојба и се опоравува на инфективната Клиника во Скопје. Властите трагаат по лицата со кои патувала и била во контакт.

Пациентката кај која е откриен коронавирусот успешно се справува со болеста, информира вечерва министерот за здравство Венко Филипче. Се работи за 50-годишна жена која неодамна со група луѓе се вратила од Италија каде престојувала околу еден месец. Филипче вели дека таа била болна веќе две недели и, иако била третирана во Италија, кај неа не бил откриен коронавирусот.

Македонските власти ги идентификувале и стапиле во контакт со осумте сопатници на заболената и со возачот на комбето со кое тие заедно, преку граничниот премин Табановце, пристигнале во земјата. Четворица од патниците се од Скопје, а другите четворица од Струмица. Во текот на вечерва со нив постапува епидемиолошки тим. Сопатниците на заболената, како и сите останати лица со кои таа контактирала откако пристигнала во земјата ќе бидат во домашна изолација и под безбедносен надзор на полицијата.

Доколку и кај некои од нив се утврди присуство на коронавирусот, тие ќе бидат префрлени на некои од инфективните одделенија во болниците во Штип, Велес или Гостивар. Дали и колку се заразиле од заболената ќе се знае дури за неколку дена, поради периодот на инкубација на вирусот.

Министерот Филипче апелира да не се создава паника во јавноста и вели дека нема причина за загриженост.

Тој упати уште еден апел до сите компании и институции во кои има вработени кои во изминатиот период патувале во Италија, да бидат ослободени од работните обврски и да бидат во домашна изолација до 14 дена. 

 

DW.COM

Реклама