Забавата на германските автопроизводители ќе заврши | Економија | DW | 23.09.2011
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Забавата на германските автопроизводители ќе заврши

Се‘ уште грее сонце-производството тече наголемо, тефтерите со договорени зделки се преполни, а воведувањето дополнителни смени за работа стана вообичаено. Но, забавата за автопроизводителите наскоро би можела да заврши

default

Првото полугодие на 2011 година за германските авто-производители мина добро. Обртот е на рекордно ниво, побарувачката е поголема од понудата, купувачите на нови автомобили мора да чекаат долго додека го добијат нарачаното возило. Но, на хоризонтот има темни облаци - веќе наредната година се очекува стагнација. Дури потоа може да се смета повторно со пораст, но на пониско ниво отколку во времињата на бумот.

До ваков заклучок доаѓа студијата на Центарот за автомобилски истражувања на Универзитетот Дуизбург-Есен. Како причини за ваквиот развој ракoводителот на институтот Фердинанд Дуденхефер наведува низа фактори на ризик во светската економија, како должничката криза во САД и во западноевропските земји каде што се произведуваат автомобили, потоа можните варијации на цената на нафтата како последица на политичките безредија во Северна Африка, но и нуклеарната катастрофа во Јапонија и, според негово мислење, пребрзото откажување од атомската индустрија во Германија:

„Значи, цел врзоп ефекти од ризици кои се насобираат. Затоа 2012 година, според наша проценка, ќе доведе до значително смирување.“

И Кина нема да биде она што беше

На големите азиски пазари, како Кина и Индија, Дуденхефер гледа и натаму „процес на пораст“, кој, меѓутоа, во иднина ќе биде „помал“. Автомобилската бранша во Кина досега годишно растеше за 20 до 30 проценти, дури и за време на големата финансиска криза по банкротот на „Лиман брадерс“, затоа што кинеската влада стартуваше обемни конјуктурни програми. Но, тоа, во сегашната

China Mercedes Benz Reklame in Peking

Автомобилската бранша во Кина досега годишно растеше за 20 до 30 проценти

ситуација веќе не може да се очекува, со оглед на тоа што кинескиот пазар веќе сега страда од зголемување на цените. Вештачка стимулација на внатрешата побарувачка би ја подгреала инфлацијата уште повеќе. Затоа автомобислкиот пазар во Кина ќе бележи зголемување од само 5 проценти.

„Плус-бројките кои се постигнати во Кина и Индија, не можат да ги порамнат минусите на другите пазари.“

Според Дуденхефер, меѓународната автомобилска индустрија годинава ќе постигне најдобар резултат на сите времиња, но веќе во наредната година постигнатото ниво ќе може само да се одржува. Неговата препорака гласи:

„Авто-производителите треба да постапуваат многу внимателно со дополнителните капацитети со кои што сега располагаат и да не се потпираат премногу врз курсеви на пораст и да стартуваат големи програми на финансирање и вработување за соработниците, кои потоа кога нема да оди толку добро, ќе претставуваат проблем.“

Хјундаи чекори кон врвот

Притоа, германските автопроизводители во моментов „пукаат“ од ефективност, така барем вели студијата на Центарот за автомобилски менаџмент од Бергиш Гладбах. Според оваа студија, Фолксваген е најсилниот автопроизводител на светот. На второ место е Дајмлер, по што следуваат Хјундаи-Киа и БМВ:

„2010 и 2011 година изгледаат слично добро, со оглед на тоа што германските производители се во тренд и навистина го зголемуваат уделот на пазарот и остваруваат многу големи профити“, објаснува раководителот на институтот Штефан Брацел.

IAA Frankfurt Auto Messe

Германските автопроизводители во моментов „пукаат“ од ефективност, но...

Методот на истражување тој го објаснува вака:

„Редовно следиме единаесет критериуми, сочинети од обрт, иновации и финансиски биланси.“

Брацел е особено изненаден од тоа колку добро се позиционира концернот Хјундаи-Киа.

„Континуитетот што го имаат Корејците е вчудовидувачки. Концернот Хјундаи станува важен конкурент, дури и за големиот Фолксваген, кој е со амбиции да стане најголем автопроизводител на светот.“

Колку може да биде голем падот во врвната група на автопроизводители, на своја кожа чувствува Тојота. Јапонците, по проблемот со квалитетот, од врвот на листата, годинава паднаа на осмо место, значи во средината.

 Автор: Клаус Улрих / Елизабета Милошевска Фиданоска

Редактор: Борис Георгиевски