Жртви во пожарите на Мадеира | Панорама | DW | 10.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Панорама

Жртви во пожарите на Мадеира

Ситуацијата на португалскиот туристички остров Мадеира, каде од понеделникот беснеат шумски пожари, драматично се влоши

Пожарите веќе стигнаа до центарот на островскиот главен град Фуншел, како што соопштија надлежните служби, тројца луѓе го загубиле животот во своите опожарени куќи. Околу илјада лица мораа да бидат евакуирани, меѓу нив и туристи.

Пожарите избија во понеделникот вечерта на ритчињата во близина на Фуншел. Поттикнати од силниот ветер, тие неочекувано брзо се шират. Иако владата во Лисабон, како и регионалните власти испратија засилување, пожарникарите не можат да ја стават под контрола огнената стихија. Од пламенот е зафатен најмалку еден хотел, повеќе куќи комплетно изгореа, изјави градоначалникот Пауло Кафофо, без да наведува конкретни бројки. Борбата продолжува и против пожарите на копното, каде од саботата постојано избувнуваат нови, денеска (10.08) сеуште се активни стотина. Португалскиот премиер Антонио Коста најави упатување повик за помош до ЕУ и до Русија ако ситуацијата не се подобри до в понеделник.

Погледнете го видеото:

Гледај видео 01:16
Now live
01:16 минути

Шумските пожари на Мадеира се шират

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама