„Жолтите елеци“ одат на избори | Свет | DW | 24.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

„Жолтите елеци“ одат на избори

Некои членови на француското протестно движење „Жолти елеци“ сакаат со сопствена листа да се кандидираат на европските избори во мај.

Граѓанското движење „Жолти елеци“ соопшти дека ќе се кандидира на претстојните избори за Европскиот парламент и оти до средината на февруари ќе има изборна листа која ќе ја предводи Ингрид Левавасер, една од истакнатите личности на ова движење во Франција. Листата со 79 кандидати ќе биде соопштена во средината на февруари за европските избори, кои ќе се одржат на 26 мај, се наведува во соопштението, кое го цитираат повеќе француски медиуми. 

Повеќе: 

-Сметката на Макрон со многу варијабли

-„Долу Влада!“: Огорченост ја зафаќа Европа

-Макрон ќе ги омекнува „Жолтите елеци“ со социјални мерки

„ Социјалното граѓанско движење кое се роди во нашата земја на 17 ноември ја потенцира неопходноста, гневот да се преобрази во човечен политички проект“, се вели во соопштението. Левавасер веќе потврди за медиумите дека ќе ја предводи листата.

Според соопштението, на неа исто така веќе се наоѓаат имиња на десетина граѓани на возраст од 29 до 53 години од различни професии.

Болничарката Левавасер е едно од бројните попознати лица на расцепканото движење „Жолти елеци“. Тоа спонтано настана на социјалните мрежи и од средината на ноември протестира на улиците во Франција. Неговите барања се разнообразни: од оставка на претседателот Емануел Макрон до зајакнување на куповната моќ во земјата, кои многумина сметаат дека е прениска. И покрај најавените отстапки од страна на властите, протестите на движењето продолжуваат.

DW.COM

Реклама