„Жолтите елеци“ не мируваат | Економија | DW | 24.11.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

„Жолтите елеци“ не мируваат

Француските власти соопштија дека бројот на демонстранти, наречени „жолти елеци“, на улиците денеска бил помал отколку во минатата недела, но во Париз имаше инциденти кога полицијата употреби солзавец и водени топови.

Министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер наведе дека во Париз се собрале околу 8.000 демонстранти, а околу 23.000 во целата земја.

Тоа е многу помал број отколку минатата сабота, кога во првиот протест поради високите цени на гориво на улица излегоа 124.000 луѓе.

На Фејсбук 36.000 лица го најавија своето учество на големиот собир на плоштадот Конкорд. Властите го забранија овој собир. До инциденти дојде на Елисејските полиња, каде според Кастанер се наоѓаат и симпатизерите на „екстремната десница“ кои сакаат да ги „нападнат институциите“. Тој ја обвини лидерката на екстремната десница, Марин Ле Пен, оти ги повикала своите поддржувачи да учествуваат во протестите и да предизвикаат „безредија“, што таа го негираше.

Полицијата соопшти дека се уапсени 8 лица, „главно поради фрлање на различни предмети“.

Повеќе групи демонстранти утринава се обидоа од разни страни да и' пријдат на Елисејската палата, но полицијата не им го дозволи тоа.

 

Реклама