Жозеф Дол гледа шанса за решавање на спорот за името | Северна Македонија | DW | 25.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Северна Македонија

Жозеф Дол гледа шанса за решавање на спорот за името

Лидерот на Европската народна партија (ЕПП) во изјава за порталот Еурактив вели дека се надева на конкретни резултати од преговорите. Неговите ставови не се на линија со оние на сестринската Нова демократија.

„Се надевам дека ќе се најде взаемно прифатливо решение и го поздравуваме отворањето на оваа можност која може да доведе до конкретни резултати“, изјави Жозеф Дол за Еурактив. Неговата оценка доаѓа по вчерашната средба на премиерите на Македонија и Грција во Давос. Алексис Ципрас и Зоран Заев договорија низа мерки на добра волја за градење на доверба во билатералните односи. Меѓудругото, македонскиот премиер најави дека неговата влада ќе ги преименува аеродромот во Скопје и автопатот кои досега го носеа името на Александар Велики/Македонски. Еурактив забележува дека изјавата на Дол не е на линија со ставот на Кирјакос Мицатокис, лидерот на конзервативната Нова демократија, која е дел од групацијата на Европските народни партии. Мицотакис смета дека спорот за името треба да се остави за решавање за некој друг период, со подобра подготовка и без „тајна агенда“, каква што спроведува актуелната левичарска влада на Сириза. Ципрас најави консултации со опозицијата во земјата претстојниов викенд.
Граѓаните во двете земји исто така имаат поделени ставови во врска со спорот и можното решение. Погледнете повеќе во видеото:

Гледај видео 02:06

Спор за името: од двете страни на границата

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама