Жестоки судири во Дамаск | Свет | DW | 16.07.2012
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жестоки судири во Дамаск

Додека набљудувачите на ОН го истражуваат нападот во Тремсе, судирите меѓу владините трупи и бунтовниците во Дамаск се заострија.

Во главниот град на Сирија, Дамаск се водеа вооружени борби меѓу бунтовниците и владините трупи, информираат противниците на режимот на претседателот Башар ел Асад. Жителите на градот говорат за најжестоките судири од почетокот на вооружениот отпор пред 17 месеци. Податоците не можат да се проверат.

Сириската набљудувачка канцеларија за човекови права информираше дека во текот на вчерашниот ден во земјата биле убиени повеќе од 115 луѓе. Шестмина од нив, меѓу кои и едно дете биле убиени во Дамаск. Центарот на моќта на Асад досега беше во голема мерка поштеден од борбите. Мрежата на активисти со седиште во Лондон утрово објави на интернет видео снимка, која документира брутално измачување на еден дезертиран војник во Ал Шадади и провинцијата Хасаке.

Меѓународниот црвен крст ситуацијата во Сирија веќе ја оценува како граѓанска војна.

Во меѓувреме Иран се понуди да посредува во конфликтот кој трае од март минатата година. Техеран бил подготвен да покани владини и претставници на опозицијата на разговори, јави иранската новинска агенција ИСНА, повикувајќи се на министерот за надвореши работи Али Акбар Салехи. Специјалниот пратеник за Сирија Кофи Анан утре пак се очекува на разговори во Москва со рускиот претседател Владимир Путин.