Жестоки борби во Алепо | Свет | DW | 02.08.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жестоки борби во Алепо

Продолжуваат жестоките борби околу сирискиот град Алепо. Впадините трупи поддржани од руската авијација и Хезболах засега ги одбиваат бунтовничките напади околу јужните предградија.

Бомбардирањето на руската авијација го запре напредувањето на бунтовниците против трупите на сирискиот претседател Башар ал Асад околу поделениот град Алепо. Џихадистите и исламистичките групи започнаа голема офанзива во неделата во обид да го освојат јужниот дел на градот и да је олеснат опсадата врз градот. Вестите од теренот велат дека бунтовниците ги загубиле позициите кои ги освоија во последните 48 часа, а притоа загинале најмалку 50 нивни борци.

Гледај видео 01:05
Now live
01:05 минути

Жестоки борби во Алепо

Во бомбардирањето од страна на бунтовниците загинале и 30 цивили.

Според сириски воени извори, во битката учествуваат околу 5.000 про-режимски борци на кои им помагаат и членови на иранската гарда и на шиитското движење Хезболах.
Бунтовниците ги сочинуваат повеќе илјади борци на Фатех ал Шам фронтот и исламисти.

„Оваа битка е последна шанса за бунтовниците. Доколку загубат, ќе биде тешко да започнат нова офанзива за разбивање на опсадата“, вели Абдел Рахман, раководител на Сириската опсерваторија за човекови права.

Вчера, бунтовниците соборија руски воен хеликоптер при што загинаа сите пет членови на екипажот. Околу предградијата под контрола на бунтовниците се палат автомобилски гуми во обид да се намали видливоста и да се сопрат воздушните напади.

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама