Жестоките протести во Венецуела со жртви | Свет | DW | 20.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Жестоките протести во Венецуела со жртви

Демонстрациите на опозицијата против претседателот Мадуро, најавени како „мајка на сите демонстрации“, на улиците извадија стотици илјади луѓе. Протестите продолжуваат и денеска.

„Мајката на сите демонстрации“ во Каракас заврши со жестоки судири меѓу демонстрантите и полицијата. Полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите. Според наводи на властите, уапсени се повеќе од 400 лица.

Двајца демонстранти беа убиени во текот на протестите. Според изјави на очевидци, во Каракас му било пукано во глава на 18-годишно момче, кое по операцијата им подлегнало на повредите. Во Сан Кристобал, на границата со Колумбија, исто така од истрел во главата загинала студентка. Опозицијата за убиствата ги обвинува милициите на социјалистите кои се подготвени на насилство и кои од мотоцикли пукаат во толпата народ со што постојано шират страв меѓу демонстрантите.

Борците за човекови права јавуваат и за смртта на припадник на Националната гарда во сојузната држава Миранда. Тој, како што се вели, бил убиен од снајперист.

Гледај видео 01:04

Војна на улиците на Каракас

Борба за власт на улица

Информации за тоа колку луѓе излегоа на протести во текот на вчерашниот ден - нема. Според проценките, на демонстрации излегле повеќе стотици илјади луѓе. Институтот за истражување на јавното мислење Меганалисис, кој е близок до конзервативната опозиција, зборува дури за шест милиони демонстранти. Многу пристапни патишта кон Каракас, како и станиците на метрото, вчера беа затворени за да се отежне доаѓање на протестите.

Во Венецуела веќе не се зборува за дијалог. Бранителите на венецуелскиот социјализам и поборниците за радикална промена на политиката и власта стојат непомирливо едни наспроти други. Опозицијата бара нови избори и го обвинува претседателот Николас Мадуро за тешката политичка и економска криза во земјата која има најголеми резеври на нафта во светот. Опозиционерите бараат референдум за импичмент на Мадуро, како и датум за одржување на одложените регионални избори.

На контрапротести дестици илјади приврзаници на Мадуро во Каракас му изразија поддршка на претседателот. Тие своите протести ги нарекоа „Голем марш за независност и мир“.

Venezuela Schwere Ausschreitungen bei Protesten (picture alliance/dpa/AP Photo/A. Cubillos)

Протестите продолжуваат и денеска

Инфлација од 720%

Опозицијата за денеска најави проширување на протестите. „Утре, во исто време, повикуваме на мобилизирање на целиот венецуелски народ“, изјави лидерот на опозицијата Енрике Каприлес на прес-конференција на опозицискиот сојуз „Маса за демократско единство“

Меѓународниот монетарен фонд прогонозира дека економското постигнување на Венецуела во тековнава година ќе се намали за 7,4%. Стапката на инфлација би можела да изнесува 720%. За наредната година ММФ прогнозира дури и стапка на поскапување од околу 2000%.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама