Железничка несреќа кај Милано | Панорама | DW | 25.01.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Железничка несреќа кај Милано

Италијански регионален воз излетал од шините во близина на градот Милано. Во несреќата што се случила утринава има неколку мртви и стотина повредени.

Регионалниот воз Тренорд 10452, полн со патници, се движел од Кремона кон Милано, кога неколку вагони се излизгале од шините, а два од нив се превртеле. Загинале најмалку три лица, соопшти претставник на Министерството за здравство, додека преку сто лица претрпеле повреди. Бројни патници биле заглавени во згмечените вагони.

Железницата Тренорд ја потврди несреќата, како и дека засега не се знаат причините кои довеле до неа. Возот се состоел од шест вагони, а местото на инцидентот е тешко достапно. Таму се присутни бројни спасувачки екипи. Ова е најтешката железничка несреќа во Италија по јули 2016. година, кога во судир на два патнички воза на Јадранскиот брег загинаа преку 20 луѓе.

Гледај видео 00:35

Жртви во железничка несреќа кај Милано

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама