Жалбена постапка во случајот Ратко Младиќ | Информации и анализи за Балкан | DW | 25.08.2020

Посети ја новата страница на DW

Погледнете ја бета-верзијата на dw.com. Сѐ уште не сме готови! Вашето мислење може да ни помогне да ја направиме подобра!

  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Балкан

Жалбена постапка во случајот Ратко Младиќ

Младиќ е првостепено осуден на доживотен затвор поради геноцид и воени злосторства. Пред конечната пресуда во Хаг најважно прашање е дали екс-воениот командат на босанските Срби здравствено може да го издржи судењето.

Со аргументите на одбраната денеска во Хаг започна изнесувањето жалби за пресудата на поранешниот командат на Војската на Република Српска, Ратко Младиќ. Обвинителството, кое исто така се жалеше на првостепената пресуда со која Младиќ е осуден на доживотен затвор, својата жалба ќе ја изнесе утре.

Правосилната пресуда се очекува во текот на наредната година. Со тоа би требало да биде завршен последниот голем случај пред Механизмот за меѓународни кривични судови кој го наследи Хашкиот трибунал. Во првата инстанца Младиќ во 2017 година беше осуден за геноцидот во Сребреница, злосторства против човештвото и кршење на законите и обичаите во војна.

За време на целиот процес тврдеше дека не е виновен, а судот го нарекуваше „сатанистички“. Младиќ, покрај Радован Караџиќ кој е веќе правосилно осуден на доживотен затвор, се смета за главен одговорен за масакарот на околу 8.000 Бошњаци во Сребреница.

Младите треба да разговараат за Сребреница

По долгогодишно криење, уапсен е на притисок од Европска унија во 2011 година. Се криел во војводинското село Лазарево, и веќе првите фотографии открија слаб и болен човек, сенка на некогашниот воин кој масакарот во Сребреница го најави како „освета за Турците“.

Повеќе:

-Паралелниот универзум на Ратко Младиќ

-Доживотен затвор за „балканскиот касап“, Младиќ ќе се жали на пресудата

-Ратко Младиќ: чудовиште во излогот

Судењето започна во мај 2012 година и траеше 539 дена, за време на кои се сослушани 592 сведоци.Младиќ, неговиот адвокат и неговиот син тврдат дека здравствената состојба на некогашниот генерал се влошува.

Во март, наводно без знаење на семејството, имал операција на дебелото црево. Постапката веќе тогаш беше одложена за неколку месеци поради пандемијата, бидејќи Младиќ, според оцена на судот, се вбројува во ризична група.

Младиќ вели дека се манипулира со неговата здравствена состојба, за да биде изведен пред суд, и оти никогаш не бил задоволен од лечењето во притворската единица.

„Нема сомнеж дека доживеа пад на ментално-когнитивните способности“, изјави неговиот адвокат Драган Иветиќ. Набљудувачите не очекуваат спектакуларни пресврти за време на жалбената постапка против човекот кого западните медиуми го нарекоа „балкански касап“. Изгледа дека најважното прашање е дали Младиќ здравствено ќе го издржи процесот.