ЕУ ќе се фокусира на мали проекти (бидејќи големите не функционираат) | Свет | DW | 15.09.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ ќе се фокусира на мали проекти (бидејќи големите не функционираат)

Нашата ЕУ е во егзистенцијална криза, рече претседателот на Европската Комисија. Наместо голем политички пресврт, тој понуди ситни проекти со практичен бенефит: калкулирано повлекување, смета Барбара Везел.

Жан-Клод Јункер никогаш не бил толку опуштен и без емоции. Го прочита својот говор за состојбата на ЕУ како да цитираше бројки од берзанска размена. Немаше ниту трага од страствениот Европеец од минатото. Претседателот на ЕК го напушти ентузијазмот за единство и солидарност, повлекувајќи се политички и реторички.

„Доколку имаш визии, оди на лекар“, рече еднаш поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит. Оценката на Јункер се чини беше инспирирана од оваа изјава на Шмит. Не беа трошени зборови за натамошната интеграција на Европа, всушност, спротивното беше случај. Јункер ја потенцираше различноста на националните држави и оддаде впечаток како да сакаше да се конформира со слоганот на популистите. Но, досега никому не му помогнало прифаќањето на нивниот вкус. Љубовта за националниот фолклор нема да ѝ помогне на Европа да зачекори напред.

Различни мали проекти

Инаку, шефот на Комисијата понуди разновиден асортиман на идеи: слободен интернет, заштита за работниците во челичната индустрија, пари за млекарите, проекти за невработеноста кај младите, борба против даночната евазија- секој може да си избере од големата корпа со европски бенефиции што му одговара. Но прашање е дали луѓето кои сега се привлечени од популистичките демагози воопшто некогаш ќе бидат убедени во ЕУ.

Porträt - Barbara Wesel

Барбара Везел

Единствената политичка иницијатива која ја предлагаат европските лидери е поврзана со безбедноста и одбраната: согласно дијагнозата дека европските граѓани се исплашени и несигурни. За два месеца, првите европски граничари ќе бидат испратени во Бугарија. Кога јавното мислење станува силно, работите брзо се менуваат во Европа. Истото важи и за системот за гранична контрола на ЕУ за луѓето кои влегуваат во Унијата како и набљудувањето на надворешните граници на ЕУ.

Конечно се расчистува патот и за еден стар германско-француски проект: Париз и Берлин можат да почнат да работа на одбранбена унија кон која може да се приклучи секој кој сака - и на крајот, од тоа би можела да произлезе и Европска армија. Целиот проект ќе му помогне, но нема да биде ривал, со НАТО. Граѓаните секако ќе ја поздрават заштедата во одбранбениот буџет. Гласањето за Брегзит и крајот на британското противење ќе го отвори патот кон одбранбена унија. Тоа е всушност и позитивниот ефект од Брегзит.

Брегзит нема да нѐ уништи

Брегзит нема да ја уништи ЕУ, вети Јункер. Изјавата е точна, затоа што Брегзит е само симптом за болеста на ЕУ, а не причината за неа. Многу други ЕУ членки имаат слични сомнежи и го отфрлаат единството на ЕУ.

Кај многу членки демне заканата од разбудениот национализам, гранични огради и нови поделби во Европа. Доколку нешто може да ја уништи Унијата, тоа е будењето на духовите од минатото.

Жан-Клод Јункер верува дека е време ЕУ да ги намали амбициите. Владините лидери веројатно ќе го усвојат овој став на состанокот во Братислава в петок. „Историјата нема да нѐ памети нас, но ќе ги памети нашите грешки“, беше неговиот најдобар обид да пронајде мудри зборови. На ЕУ ѝ остануваат само неколку месеци да ја надмине својата депресија и потоа внимателно да го започне патувањето кон нови брегови.

DW.COM

Реклама