ЕУ расположена за проширување со земјите од Западниот Балкан | Свет | DW | 28.11.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

ЕУ расположена за проширување со земјите од Западниот Балкан

ЕУ е сѐ порасположена да ги прими земјите од Западниот Балкан во полноправно членство, со што ќе се обезбеди мирот во регионот, а истовремено ќе се збогати и Унијата, вели еврокомесарот за проширување Јоханес Хан.

„Постои поголемо расположение меѓу земјите-членки на ЕУ да му се посветат на проширувањето отколку пред една година“, изјави Хан во интервју за австрискиот весник Винер цајтунг.

Албанија, Македонија, Црна Гора и Србија се земји-кандидатки за членство во ЕУ, додека Босна и Херцеговина и Косово го очекуваат истиот статус. ЕУ го смета регионот за важен од аспект на контролата на имиграцијата и спречување на безбедносни закани кои се движат од мешањето на Русија до радикалниот ислам.

Повеќе на оваа тема: 

- Хан: истрчајте го последниот километар од маратонот

- Хан за ДВ: Милијарда евра од ЕУ за Западниот Балкан до 2020 година


Земјите-членки сфатија дека „на Балканот може да биде постигнат мир и дека перспективата за влез во ЕУ е витална за тоа“, вели Хан.
Западниот Балкан и неговите 20 милиони жители кои мнозински го поддржуваат членството во ЕУ, се атрактивен пазар за ЕУ, вели Хан, и додава дека „нова земја членка не е оптоварување, туку збогатување“.

Еврокомесарот вели дека не ја поддржува идејата за повеќебрзинска Европа, затоа што таа ќе предизвика раслојување на земјите-членки. Наместо тоа, треба да се вложат напори за да им се овозможи на послабите членки да достигнат повисоко ниво со што ќе зајакне ЕУ“.

DW.COM

Реклама