ЕУ отвори постапка против Германија поради скандалот со издувни гасови | Економија | DW | 08.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

ЕУ отвори постапка против Германија поради скандалот со издувни гасови

Во скандалот со издувните гасови Европската Комисија отвора постапка против Германија, која на крајот би можела да заврши и со тужба пред Европскиот суд.

Европската Комисија отвори постапка против германската влада поради сомневање за повреди на европското право. Станува збор за случајот со „разубавување“ на вредностите на издувни гасови со помош на специјален софтвер, кое го правел автомобилскиот концерн Фолксваген. ЕК е на мислење дека германските надзорни власти не го контролирале доволно концернот и поради тоа е можно да направиле прекршок на европските закони.

Истото обвинување е покренато и против Чешка, Литванија, Грција, Луксембург, Шпанија и Велика Британија. Во случајот на Германија и Велика Британија станува збор и за уште едно прекршување на законите. Обвинувањето гласи: двете земји и во своите национални истражни извештаи не ги вметнале информациите кои им биле познати.

Погодените земји имаат време од два месеца да одговорат на обвинувањата. Потоа ЕК би можела да преземе втор чекор во постапката, која на крајот може да води до тужба пред Европскиот суд.

Гледај видео 01:02

И покрај скандалот, Фолксваген продава наголемо

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама