ЕУ: итно ослободување на осудените новинари на Ројтерс во Мјанмар | Свет | DW | 03.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ЕУ: итно ослободување на осудените новинари на Ројтерс во Мјанмар

Осудата на двајца новинари на Ројтерс поради истражувања на злоставувањата на Рохингите од страна на војската на Мјанмар, е спротивна на слободата на печатот, смета Брисел. Критика поради казните стигна и од ОН и САД.

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Федерика Могерини побара итно и безусловно ослободување на двајцата новинари на новинската агенција Ројтер, осудени во Мјанмар на седумгодишни затвориски казни поради нивните истражувања на убиства на припадници на Рохингите. Пресудата ја поткопува слободата на медиумите, истакна портпаролка на Могерини, а служи за заплашување на останатите новинари кои имаат намера да известуваат за обвинувањата за тешки прекршувања на човековите права во Мнајнар против муслиманското малцинство.

И ОН повикаa претходно за ослободување на двајцата новинари, исто како и американскиот амбасадор во таа држава, Скот Марсил. Тој ги оквалификува казните на двајцата новинари како „тажен факт за осудените и за сите во Мјанмар кои работат напорно за промовирање на основните слободи, вклучувајќи ја и слободата на медиумите“.

Во соопштение, агенцијата Ројтерс ја осуди пресудата и рече дека обвинувањата против двајцата новинари се целосно фабрикувани.

Повеќе на темата: 

Една година од почетокот на егзодусот на Рохингите

ОН: Ситуацијата на Рохингите во Мјанмар е катастрофална

Суд во Рангун денеска донесе одлука со која двајцата репортери на Ројтерс, Ва Лоне и Куав Сое О се прогласени виновни за повреда на државни тајни. Нив во декември ги уапси војската поради вршења истражувања за убиства на Рохинги. Муслиманското малцинство е веќе подолго време изложено на дискриминација во Мнајмар. Ситуацијата ескалираше лани, кога бунтовници Рохинги убија повеќемина војници. Војската во одговор уништи бројни села на Рохингите, по што преку 700. 000 луѓе од август досега пребегаа во соседен Бангладеш. ОН ја оквалификуваа постапката на војската за етничко чистење.

    

DW.COM

Реклама