ЕУ: избор на собраниски спикер без одложување | Македонија | DW | 10.04.2017
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Македонија

ЕУ: избор на собраниски спикер без одложување

Европската Комисија, уште еднаш, порача дека во Македонија во најбрз рок мора да се избере нов претседател на Собранието, а потоа и нова влада.

Европската Комисија очекува избор на нов собраниски спикер без одложување, порача на денешната прес-конференција портпаролката Маја Коцијанчич. Од Брисел, уште еднаш, упатија порака дека мора да се почитуваат резултатите од последните избори и парламентарното мнозинство кое беше формирано по нив.
„Актуелната неизвесно мора да заврши и да се направи влада без одложување, врз база на парламентарното мнозинство кое постои“, рече Коцијанчич.
Таа ги повтори пораките кои им беа пренесени на македонските власти од страна на шефицата на дипломатијата на ЕУ, Федерика Могерини и комесарот Јоханес Хан.
„Ние сега очекуваме сите политички лидери и институции да дозволат демократскиот процес да се одвива, а ова го вклучува и изборот на нов спикер, што ние би сакале да го видиме без одложување", рече Коцијанчич.

Во Собранието денеска продолжи обидот да се избере нов собраниски спикер, но засега без придвижување во таа насока. Пратениците на СДСМ и натаму инсистираат претседавачот Трајко Вељаноски да ја прекине расправата и да го стави на дневен ред изборот на новиот спикер. Од друга страна, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не се откажуваат од репликите и тврдат дека прекинот на дебатата ќе значи нарушување на нивното демократско право.
Барањата на високи европски преставници, како и на функционери на НАТО И САД и одделни западноевропски држави да се одблокира Собранието и да се дозволи формирањето на новата влада, досега не наидоа на позитивен одговор, во прв ред, од шефот на државата Ѓорге Иванов. Тој и при последната средба со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск повтори дека нема намера да го даде мандатот за формирање влада, наведувајќи ја како главна причина платформата на албанските политички партии и опасноста од нарушување на унитарниот карактер на државата.

 

DW.COM

Реклама