ЕУ заостанува во преселбата на бегалците | Свет | DW | 03.01.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

ЕУ заостанува во преселбата на бегалците

За да се регулира недозволена миграција, ЕУ презема различни мерки. Меѓу другото, треба да се најдат повеќе легални начини за влез во ЕУ, како на пример преку регулирани преселби. Но, планот засега не функционира.

Доселувањето е една од најважните теми во европската политка. Од бегалската киза во 2015-та, ЕУ презема различни обиди за да спречи недозволена миграција и шверц со луѓе. Една од мерките во борбата против овие појави е отворањето повеќе легални можности за доселување. Една од нив е „преселувањето", односно префрлањето бегалци од земји кои не се членки на ЕУ во земјите на ЕУ. Првиот таков потфат почна во јули 2015 и и требаше да опфати околу 22 илјади луѓе. Фактички, на крај беа 18.563 илјади.

Во септември 2017. претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, најави нов план за преселување: тој ги повика земјите членки на ЕУ до октомври 2019. да примат дополнителни 50 илјади бегалци. „Посебен фокус притоа е ставен на преселбите од Северна Африка и од Рогот на Африка, особено Либија, Египет, Нигерија, Судан, Чад и Етиопија. Преселбите од Турција, Јордан и Либан, пак, на овој начин ќе бидат обезбедени“, се вели во документот со основите за планот.

Повеќе: Зошто бегалците ја поделија Германија?

Среднорочна цел: преселба на 25.000 до октомври 2018

Таканаречениот „План 50.000“ содржи една среднорочна цел, а тоа е до октомври 2018. земјите членки „да се погрижат 50 проценти од 50-те илјади луше да бидат ефективно преселени“.

Во март и во мај 2018. ЕУ објави извештаи за напредокот. Секоја земја членка за тој извештај достави податоци за вкупниот број на слободни капацитети, како и за точниот број на преселени лица. Резултатот на извештајот од мај е јасен: само осум проценти од планираните преселби се фактички реализирани, што значи многу далеку од поставената цел од 50 проценти која треба да биде исполнета само пет месеци подоцна.

ПовеќеВо чекалницата на ЕУ – бегалци во Белград

Нов извештај за напредокот не беше објавен. ДВ неколкупати безуспешно се обиде да добие информација за новата статистика од Генералната дирекција за миграција и внатрешни работи на Европската комисија. Потоа ДВ ги контактираше земјите членки кои се согласиле со преселба на лица. Половина од нив доставија актуелизирана статистика.

Тие бројки комбинирани со оние од извештајот од мај за земјите кои не доставија информација, покажуваат дека квотата пораснала на 26 проценти, односно 13.176 лица, што сепак е далеку под планираните 25 илјади до октомври 2018.

Откако ја конфронтиравме Дирекцијата со новите бројки, тие сепак излегоа со нивна статистика. Според портпаролна Дирекцијата,  15.900 лица се доселени во рамки на планот 50.000. Портпаролот се повикува на податоци добиени во октомври 2018. Бројот на доселени лица, според него, се зголемува од година во година, „па планот го ппродолжува досегашниот добар развој, такја што сме сигурни дека финалната цел за 50.000 до октомври 2019. ќе биде исполнета.,“

Распределба на бројките по поединечни земји не е на располагање, вели портпаролот.

Data visualization EU resettlements

Само неколку земји стигнале до зацртаната цел од 50 проценти реализација на преселби

Според достапните податоци, само Ирска, Словенија и Литванија успеале да ја исполнат поставената цел од 50 проценти, а веднаш по нив се Велика Британија и Шведска. Франција и Германија, кои со 10.200 лица ветија најголеми капацитети, сепак заостануваат во реализацијата. На прашањето за одложувањето, Европската комисија не даде одговор.

За Германија портпарол на Министерството за внатрешни работи изјави дека реализацијата на мерките е одложена заради оддолжувањето на процесот на формирањето на германска влада по изборите.

Повеќе: Ленче Здравкин: Треба да го цениме тоа што го имаме!

Границите биле нелегално преминати 166.000 пати

Дури и да бидат пополнети сите ветени места до октомври 2019 година, сепак изгледа дека побарувачката е несразмерно поголема од понудата. Од септември 2017-та, откако постои планот за преселби, европската крајбрежна стража пријавила 166.894 пати нелегално преминување на границите, што е три пати повеќе од понудените капацитети за доселување.

„Се работи за повеќеслоен проблем, но сумарно кажано реализацијата зависи од политичката волја, поддршката од јавноста и од соодветните логистички предуслови", вели социологот Хане Бајренс. Таа е заменик директор на некомерцијалниот истражувачки институт „Migration Policy Institute Europe“ и ја истражува европската политика во области како азил, миграција и трговија со луѓе.

Повеќе: Збогум на културата на гостопримство? Ни оддалеку!

Првата пречка е политичката волја да се обезбедат слободни капацитети: „Неколку земји членки се воздржани, некои пак, како на пример Австрија, целосно ја одбиваат преселбата на бегалци", вели Бајренс.

Втората пречка е способноста де факто да се преселат бегалци, односно процесот да биде долгорочно одржлив и луѓето успешно да бидат интегрирани во земјата

Третата пречка е логистиката: „Може некогаш да биде логистички тешко луѓе во даден момент да се извлечат на пример од Либија, па ако има временско одложување се откажува целата мисија."

Конечно, побарувачката и понудата треба да бидат усогласени: ако земјата се согласи да пресели десет фамилии, локалните власти треба да бараат сместување, но наоѓаат на приме само сместувалишта за пет лица. „Таквата информација се враќа во УНХЦР, кој потоа се обидува да најде фамилии кои одговараат на тој профил“, вели Бајренс. Тоа пак доведува до дополнителни одложувања.

УНХЦР идентификува листа со кандидати за преселба

Високиот комесаријат за бегалци на ОН има свои регионални претставништва во трети земји и таму ги идентификува луѓето кои имаат право на азил и кои се доаѓаат предвид за преселба. „Тоа може да бидат луѓе кои не можат да се вратат во сопствената земја, или лица кои онаму каде што се наоѓаат не може да бидат интегрирани поради етнички конфликт меѓу локалното население и бегалците. Или лица кои имаат потреба од медицински третман, а кој не може да им биде пружен со актуелниот статус на престој“, објаснува Бајренс.

Поради тоа УНХЦР идентификува листа со кандидати за преселба. Како втор чекор земјите членки на ЕУ го информираат УНХЦР колку луѓе сакаат да се преселат, а организацијата ги предлага специфичните случаи. „Понекогаш земјите кои прифаќаат азиланти имаа специфични барања, како на пример ’Сакаме да примиме само жени со деца'," вели Бајренс. „Потоа УНХЦР им испраќа досиеја со соодветните кандидати. Врз база на овие досиеја земјите членки носат одлуки дали ќе ги преземат овие лица. Велика Британија, на пример, речиси без исклучок на овој начин ги избира бегалците кандидати за преселување. Многу други земји испраќаат делегации во трети земји и на лице место ги интервјуираат кандидатите, поставувајќи прашања околу нивната посакувана дестинација и нивната подготвеност за адаптација."

Data visualization EU resettlements

Тешко е да се пресметаат трошоците за преселба

ЕУ го поддржува актуелниот план за преселба поддржан со 500 милиони евра. Една земја членка добива помеѓу 6000 и 10.000 евра за секое лице на кое ќе му биде дозволена преселба. Дали оваа сума е доволна за да се покријат трошоците за преселба е тешко да се каже. 

Гледај видео 01:03

Тројца повредени во инцидентите на босанско-хрватската граница

„Нема соодветни податоци за тоа колку чини преселба на еден бегалец во трета земја“, вели Бајренс. „Одеднаш се појави сумата 10.000 евра.“

Експертката од Институтот за миграциска политика вели дека нема детали како ЕУ го пресметала овој износ или кој дел од преселбата се покрива со нив. „Тоа може да биде доволно ако имате функционален систем како во Германија или Белгија“, вели Беиренс. „Но, ако целата машинерија не е развиена, тогаш реализацијата чини многу повеќе. И во тој случај 10.000 евра по лице ќе покријат само мал дел од трошоците.“

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама